Ловци на вештерки

Рејтинг

Никој нема дадено коментар за филмот.
Бидете први!

Ловци на вештерки

„Ловци на Вештерки“ е приказна за Јован и Милица, кои се запознаваат кога Милица ќе се запише во одделението на Јован. За да не го повредуваат емотивно останатите деца, Јован си има изградено свој имагинарен свет во кој Милица малку по малку успева да се пробие. Таа го повикува на авантурата за ослободување на нејзиниот татко од неговата нова жена, нејзината маќеа за која верува дека е вештерка која го маѓепсала нејзиниот татко.

Оригинален наслов: Zlogonje
Почеток на филмот: 18.10.2018
Траење на филмот: 95 Минути
Земја / година: MKD, SRB/2018
Жанр: Авантура, Фантазија
Глумци: Mihajlo Milavic, Silma Mahmuti, Jelena Djokic
Режија: Rasko Miljkovic
Дистрибутер: Dream Factory
Возрасна Категорија: (0)

Достапна технологија

  • Дигитал 2D

Содржина

„Ловци на Вештерки“ е приказна за Јован и Милица, кои се запознаваат кога Милица ќе се запише во одделението на Јован. За да не го повредуваат емотивно останатите деца, Јован си има изградено свој имагинарен свет во кој Милица малку по малку успева да се пробие. Таа го повикува на авантурата за ослободување на нејзиниот татко од неговата нова жена, нејзината маќеа за која верува дека е вештерка која го маѓепсала нејзиниот татко. Јован, од преголемата возбуда и радост затоа што конечно има вистинска другарка, дознава за препреките кои се појавуваат во вистинскиот живот и дека вистинските авантури не е лесно да се прескокнат како оние во неговата имагинација. А најголемата препрека од сите е самиот тој. Јован ќе мора да се прифати себеси каков што е и да се впушти во најголемата авантура од сите – животот. Кога ќе го направи тоа, пред него се отвара цел еден нов свет во кој заедно со Милица, ја откриваат вистинската природа на вештерката и на потполно неочекуван, но зрел начин, ја победуваат. И станува вистински суперхерој.

Купете онлајн, Резервација Купете онлајн, Нема резервација Купување само на лице место Не може да се резервира

Ваше мислење

Овде можете да оставите коментар

За да ја користите оваа функција мора да се пријавите.Доколку се немате регистрирано, регистрирајте се тука.