Со 4 клика до билет!
НОВА ПРОДУКЦИЈА
Композитор: Рихард Вагнер
Сабота, 8.октомври 2016год. во 18:00ч
Времетраење: 315 минути
Сезоната започнува со новата продукција на Вагнеровото дело „Тристан и Изолда“, под диригентската палка на Сер Сајмон Ратл кој се појавува за прв пат на преносите во живо. Нина Стеме ја игра водечката улога на Изолда, која ја изведувала во многу оперски куќи ширум светот, додека во улогата на нејзиниот сопатник Тристан е австралискиот тенор Стуарт Скелтон, кој во МЕТ ја пеел улогата на Сигмунд во операта „Прстен“ во 2013 година. Екатерина Губанова и Евгени Никитин дебитираат во Метрополитен пеејќи ги улогите на Брагањ и Курвенал, додека Рене Папе трета сезона по ред се враќа на сцената. Режисер на ова дело е Мариус Трелински, кој стои позади двојната програма на Метрополитен во 2015 година – „Јоланта“ и „Дворецот на модробрадестиот“.