Со 4 клика до билет!
Музика: Пјотр Чајковски
Кореографија: Јуриј Григорович
Недела, 17. декември 2017год. во 16:00ч
Времетраење: 135 минути
Снимено на 21. декември 2014 година
Ноќта спроти Божиќ, како што часовникот отчукува полноќ, дрвената кукла – оревокршачка на Мари оживува и се претвора во принц! На куклата наскоро ќе и’ се придружат и другите играчки кои исто така ќе оживеат а Мари и нејзиниот принц започнуваат една неверојатна и незаборавна авантура!
Како празнична традиција за целото семејство, Оревокршачка суверено владее два часа со сцената на Бољшој, маѓепсувајќи ги гледачите. Заедно со познатата музика на Чајковски и со некои од најпознатите уметници на Бољшој, Оревокршачка и и понатаму останува да биде безвременско богатство кое не смее да се пропушти!
Снимено на 21 декември 2014 година