Мама Миа! Одиме Повторно

Рејтинг

Никој нема дадено коментар за филмот.
Бидете први!

Мама Миа! Одиме Повторно

Подгответе се да пеете и да танцувате, да се смеете и да сакате повторно.

Оригинален наслов: Mamma Mia! Here We Go Again
Почеток на филмот: 19.07.2018
Траење на филмот: 114 Минути
Земја / година: USA, GBR/2018
Жанр: Музички, Комедија
Глумци: Lily James, Christine Baranski, Meryl Streep, Amanda Seyfried, Colin Firth, Pierce Brosnan
Режија: Ol Parker
Дистрибутер: Premium Film
Возрасна Категорија: (12)

Достапна технологија

  • Дигитал 2D

Содржина

Десет години откако филмот Мама Миа заработи над 600 милиони долари ширум светот, поканети сте да се вратите на магичниот грчки остров Калокаири во новиот оригинален мјузикл базиран на песните од АБА. Со оригиналната филмска екипа и новите членови, меѓу кои и Лили Џејмс (Пепелашка, Возач), музичката комедија ќе почне со прикажување во јули 2018. Продуценти на Мама миа! Одиме Повторно се Џуди Крејмер и Гери Гецман, продуцентите нна оригиналниот филм. Крејмер е и творец и продуцент на светскиот театарски мегахит мјузикл. Ол Паркер, сценаристот на Најдобриот Егзотичен Мериголд Хотел го пишува и режира продолжението според приказната на Кетрин Џонсон, Ричард Кертис и Паркер. Бени Андерсон и Бјорн Улвеус се враќаат да работат на музиката и текстовите и како извршни продуценти. Том Хенкс, Рита Вилсон, Филида Лојд, Ричард Кертис и Ники Кентиш Барнс исто така се извршни продуценти. Во истите улоги како во филмот Мама Миа! се оскаровката Мерил Стрип како Дона, Џули Вотерс како Роузи и Кристин Варански како Тања. Аманда Сејфрид и Доминик Купер се повторно заедно како Софи и Скај, а Пирс Броснан, Стелан Скарсгард и оскаровецот Колин Фирт повторно ги играат трите можни татковци на Софи: Сем, Бил и Хери. Алекса Дејвис ( Прекрасен млад ум) и Џесика Кинан Вин ( Бродвејска убавица) Младиот Сем ќе го игра Џереми Ирвин ( Воен Коњ), младиот Бил е Џош Дилан ( Сојузници), а младиот Хари е Хју Скинер ( Убиј ги своите пријатели).

Купете онлајн, Резервација Купете онлајн, Нема резервација Купување само на лице место Не може да се резервира

Ваше мислење

Овде можете да оставите коментар

За да ја користите оваа функција мора да се пријавите.Доколку се немате регистрирано, регистрирајте се тука.