Година на мајмунот

Рејтинг

Ѕвезди

ѕвезди,

Никој нема дадено коментар за филмот.
Бидете први!

Година на мајмунот

Двата главни протагонисти на оваа црна комедија се Цобе, сиромашен чувар во Зоолошката градина во Скопје и шимпанзото Коко, жител на истата градина. Едноставната приказна се плетка околу бегањето на Коко „од ропство во слобода„.

Оригинален наслов: Godina majmuna
Почеток на филмот: 20.04.2018
Траење на филмот: 116 Минути
Земја / година: RKS, MKD, SRB, SVN/2018
Жанр: Комедија, Фантазија
Глумци: Igor Angelov, Marija Kohn , Bereda Reshit, Aleksandar Kamnaroski, Faik Mefailoski
Режија: Vladimir Blazevski
Дистрибутер: Панк Филм
Возрасна Категорија: (12)

Достапна технологија

  • Дигитал 2D

Содржина

Двата главни протагонисти на оваа црна комедија се Цобе, сиромашен чувар во Зоолошката градина во Скопје и шимпанзото Коко, жител на истата градина. Едноставната приказна се плетка околу бегањето на Коко „од ропство во слобода„. Цобе, поради општата економска криза и бедотија, добива отказ на своето работно место и ветување дека ќе го вратат на работа доколку успее да го пронајде и донесе назад одметникот. Во измачената и со транзиција девастираната земја, се крева голема медиумска бучава околу избеганото шимпанзо. Коко станува симбол на отпор и слободарски тежнеења, некој што успеал да излезе од магичниот круг на општата ентропија. Така, спасувачката мисија на Цобе за фаќање на шимпанзото ќе стане и предавничка. Апсурдно комичните перипетии од ловот на избеганото шимпанзо ги следиме делумно и од визурата на самиот Коко. Тој е некој вид на огледало и нем сведок на тажно-смешниот свет, кој си го загубил компасот; и ненамерна причина на тоа трагикомично соочување на народот со сопствените стравови и фрустрации. Коко станува знаме на побуната, на непослушноста, и на сето она што обичниот човек во една сиромашна земја не може да биде.

Сите времиња за почеток

Нема проекции за избраното.
Купете онлајн, Резервација Купете онлајн, Нема резервација Купување само на лице место Не може да се резервира

Оцена

Тука може да ја оставите Вашата лична оценка за филмот.

За да ја користите оваа функција мора да се пријавите.Доколку се немате регистрирано, регистрирајте се тука.