До балчак

Рејтинг

Ѕвезди

ѕвезди,

Никој нема дадено коментар за филмот.
Бидете први!

До балчак

Македонија е мала земја во срцето на Балканот, која петстотини години била под отоманско ропство. Дејствието на филмот „До балчак„ се одвива во годините на општ колапс и „слободен пад„ по крваво задушеното македонско востание од 1903.

Оригинален наслов: To the Hilt
Почеток на филмот: 19.10.2014
Траење на филмот: 172 Минути
Земја / година: MKD/2014
Жанр: Акција, Драма
Глумци: Inti Sraj, Sasko Kocev, Martin Jordanoski, Toni Mihajlovski, Iskra Veterova, Nikola Ristanovski, Senko Velinov, Nikola Kojo
Режија: Stole Popov
Дистрибутер: Agencija za Film na RM
Возрасна Категорија: (16)

Достапна технологија

  • Дигитал 2D

Содржина

Приказната е за комплексен четириаголник помеѓу бескомпромисен и идеалистичен востаник, безмилосен турски офицер, богат „татин“ син опортунист кој се враќа дома по завршени студии во Европа и една луцидна и слободоумна Eвропјанка во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани со далекусежни и несогледиви последици. Ликовите минуваат низ бурни судири, доживуваат катарзични искуства и стекнуваат длабоки нови самосознанија. Филмот е суровa и романтична сторија која ја испитува вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност низ призмата на релативноста на поимите на слобода, правда, љубов, жртвување и предавство. Приказната ги драматизира и пародира митот и анти-митот на исток и запад, на Европа и Балканот. Таа ги усвитува до жижа парадоксите и апсурдите на македонската историја. Фатен во стапица, еден од ликовите ја декларира својата радикална философија : „Ебати животот, ако не си подготвен да умреш за него“! Ако традиционалниот американски жанр е Вестернот, т.е. приказна од дивиот запад, овој филм е неговиот источен пандан, Истерн, приказна од „дивиот„ исток.

Сите времиња за почеток

Нема проекции за избраното.
Купете онлајн, Резервација Купете онлајн, Нема резервација Купување само на лице место Не може да се резервира

Оцена

Тука може да ја оставите Вашата лична оценка за филмот.

За да ја користите оваа функција мора да се пријавите.Доколку се немате регистрирано, регистрирајте се тука.