Со 4 клика до билет!
Гораст и Ивица се другари од детство кои 16 години не комуницираат. Секој има своја причина зошто не комуницирале толку години но никогаш не ја споделиле меѓу себе.
Оригинален наслов: | Копање |
Почеток на филмот: | 08.03.2018 |
Траење на филмот: | 76 Минути |
Земја / година: | MKD/2018 |
Жанр: | Арт хаус, Драма |
Глумци: | Гораст Цветковски, Ивица Димитријевиќ, Акександар Ѓорѓиески |
Режија: | Ивица Димитријевиќ, Мартин Иванов |
Дистрибутер: | MI Film |
Возрасна Категорија: |
![]() |
Некаде во селска средина живее Гораст. После години поминати во градот Ивица конечно се враќа кај својот стар другар. Ивица, за секој случај со себе го води младиот Алек. Додека евоцираат спомени од детството Гораст му соопштува на Ивица дека го повикал за да копаат дупка во дворот на куќата. Копајќи се открива причината зошто двајцата биле разделени 16 години и какви последици има нивното некогашно пријателство. Копање е филм за минатото и сегашноста, за пријателството и универзалното правило на едно другарство непробојно за оној кои стои од надвор.