Ах, Љубов моја

Рејтинг

Ѕвезди

ѕвезди,

Никој нема дадено коментар за филмот.
Бидете први!

Ах, Љубов моја

„Ах, љубов моја“ е приказна за позната поп пеачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивните проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности и ситуации, кои на крајот сепак ќе завршат со среќен крај.

Оригинален наслов: Ах, љубов моја
Почеток на филмот: 27.04.2017
Траење на филмот: 111 Минути
Земја / година: MKD/2017
Жанр: Комедија, Романтичен / љубовен
Глумци: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Марија Кондовска, Соња Стамболџиоска
Режија: Никола-Коле Ангеловски
Дистрибутер: KT Film & Media
Возрасна Категорија: (16)

Достапна технологија

  • Дигитал 2D

Содржина

Сузан, млада и убава поп пеачка, е вљубена во Селпин, интересен и современ тип. Селпин ја сака Сузан, но има поинакви намери, во план му е да се ожени со Мариче, ќерка на госпоѓа Трпкова, која е успешна и богата бизнис жена. Мариче, го сака Селпин, но не и е доволно интересен, бидејќи таа сака нејзиниот избран да биде бараба, некој по кого жените ќе лудуваат, а Селпин се претставува како фин, воспитан и мирен.
Во Сузан е вљубен и генерал Крчубиќ, постар господин, бивш министер на одбрана на една соседна држава, сега трговец со оружје, нормално богат и галантен, и кој се би направил Сузан да биде негова, ако треба и да ги испотепа конкурентите. Како можен конкурент се појавува и Фидан, нотарски помошник по професија, поет по вокација, кој запнал Сузан да испее една негова песна и кој воопшто не разбира зошто генералот го брка и сака да го убие, а тој, колку што знае, немал никаква врска со Сузан. Тука е и директорот на хотелот, каде престојува Сузан, прав господин, дискретен и достоинствен, се додека некој не го допре, тогаш почнува да се тресе, да вика, да изговара најгрди и безобразни зборови, мана од дете, за која не успеал да најде лек. Беба, успешна манаџерка на Сузан, ама некако нема среќа во љубовта се додека не го сретне Ѓорче, преведувачот на генералот.
Се појавува и Мијалче, познат новинар, кој сака да направи интервју, но има една голема мана, од устата му смрди, корни и затоа сите го избегнуваат, а тој кутриот не е свесен за својата мана, затоа што има проблеми со синусите.
Госпоѓа Трпкова сака да ја ангажира Сузан за свечената вечер по повод свршувачката на својата ќерка Мариче со Селпин, но Госпоѓа Трпкова и не знае дека Селпин е љубовник на Сузан и сето ова вешто се крие, се додека на веселбата во нејзината прекрасна вила не се открие кој е кој и кој е што. Тука настануваат големи сцени, тепачки, паѓање во бесознание, солзи, брканици, пукање...

Сите времиња за почеток

Нема проекции за избраното.
Купете онлајн, Резервација Купете онлајн, Нема резервација Купување само на лице место Не може да се резервира

Оцена

Тука може да ја оставите Вашата лична оценка за филмот.

За да ја користите оваа функција мора да се пријавите.Доколку се немате регистрирано, регистрирајте се тука.