Мудроста на траумата

Мудроста на траумата

Меѓусебната поврзаност на епидемијата од анксиозност, хронични болести и употреба на психоактивни супстанции е, според д-р Габор Мате, нормална – но не на начинот на кој може да си помислите.

Оригинален наслов: Wisdom of Trauma
Почеток на филмот: 21.09.2023
Траење на филмот: 87 Минути
Земја / година: CAN/2021
Жанр: Документарен
Глумци: Russel Brand, James Doty, Tim Ferriss
Режија: Maurizio Benazzo, Zaya Benazzo
Возрасна Категорија: (16)

Достапна технологија

  • Дигитал 2D

Содржина

Во „Мудроста на траумата“ патуваме заедно со д-р Габор Мате – лекар, автор на бестселер и добитник на наградата Орден на Канада, за да истражиме зошто западното општество се соочува со епидемии какви што се анксиозноста, хроничните болести и употребата на психоактивни супстанции. Ова е едно патување со човек кој го има посветено својот живот да ја разбере поврзаноста помеѓу болестите, зависностите, траумите и општествата. Траумата е невидлива сила што ги обликува нашите животи. Го обликува начинот на којшто живееме, љубиме и го разбираме светот. Таа е коренот на нашите најдлабоки рани. Д-р Мате ни дава нова визија: општество информирано за траумите, каде што родителите, наставниците, лекарите, судиите и носителите на важни одлуки не се фокусирани на потиснување на симптомите и на осудување, туку сакаат да ги разберат изворите од кои извираат загрижувачките однесувања и болести во човековата душа. Тој ни посочува еден пат кон индивидуално и колективно исцелување.

Сите времиња за почеток

Нема проекции за избраното.
Купете онлајн, Резервација Купете онлајн, Нема резервација Купување само на лице место Не може да се резервира

Оцена

Тука може да ја оставите Вашата лична оценка за филмот.

За да ја користите оваа функција мора да се пријавите.Доколку се немате регистрирано, регистрирајте се тука.