Викенд со тато

Рејтинг

Ѕвезди

ѕвезди,

Никој нема дадено коментар за филмот.
Бидете први!

Викенд со тато

Најновиот филм на Мирослав Момчиловиќ, креаторот на филмовите „Kad porastem biću Kengur“, „Sedam i po“, “Čekaj me ja sigurno neću doći”, “Smrt čoveka na Balkanu”, “Smrdljiva bajka” ни стигнува најновата тажна комедија за односот меѓу еден татко и син.

Оригинален наслов: Vikend sa ćaletom
Почеток на филмот: 04.02.2021
Траење на филмот: 98 Минути
Земја / година: SRB/2020
Жанр: Драма, Комедија
Глумци: Nenad Jezdic, Vasa Vranes, Branko Vidakovic
Режија: Miroslav Momcilovic
Дистрибутер: MCF MKD Skopje
Возрасна Категорија: (12)

Достапна технологија

  • Дигитал 2D

Содржина

Кашика (Ненад Јездиќ), средовечен белградски криминалец, припадник на старата школа, заробен во времето кога бил силен и издржлив, изјавува желба да го помине викендот со својот син Огнен, единаесетгодишен син од претходниот брак. Поранешната сопруга му излегува во пресрет, знаејќи дека му се ближи крајот и дека најверојатно ова може да му биде последната средба со неговиот син. Кашика го нема видено својот син 5 години, благодарение на малите компликации заради кои имал забрана да му се приближи на својот син. Кашика се обидува забрзано да му го пренесе сето она што тој смета дека е важно за животот и за преживување на улица, а истовремено да го истера од маалото сѐ она што тој смета дека е слабо, девијантно и меко. Огнен, пораснат во современо wi-fi опкружување, од виртуелно опкружување, без момент да дојде до здив, наеднаш е фрлен во подземниот свет на својот татко кој е обидува во невозможното - за неколку дена да му ги пренесе сета своја топлина, искуство и мудрост, а истовремено да проба да ја сокрие својата болест од синот - како вистински белградски шмекер.

Сите времиња за почеток

Купете онлајн, Резервација Купете онлајн, Нема резервација Купување само на лице место Не може да се резервира

Оцена

Тука може да ја оставите Вашата лична оценка за филмот.

За да ја користите оваа функција мора да се пријавите.Доколку се немате регистрирано, регистрирајте се тука.