Тролови: Светска турнеја

Рејтинг

Ѕвезди

ѕвезди,

Никој нема дадено коментар за филмот.
Бидете први!

Тролови: Светска турнеја

Anna Kendrick и Justin Timberlake се враќаат во продолжетокот на музичкиот анимиран хит на DreamWorks од 2016: Trolls World Tour. Во авантура што ќе ги однесе многу подалеку од тоа што го знаеле, Попи (Kendrick) и Бранч (Timberlake) откриваат дека се само едни од шест различни племиња Тролови раштркани низ шест различни земји и посветени на шест различни видови музика: фанк, кантри, техно, класична, поп и рок. Нивниот свет ќе стане многу поголем и многу погласен.

Оригинален наслов: Trolls World Tour
Почеток на филмот: 15.10.2020
Земја / година: USA/2020
Жанр: Анимиран / цртан, Комедија
Режија: Walt Dohrn, David P. Smith
Дистрибутер: Premium Film
Возрасна Категорија: (6)

Достапна технологија

  • Дигитал 2D
  • Дигитал 3D

Содржина

Anna Kendrick и Justin Timberlake се враќаат во продолжетокот на музичкиот анимиран хит на DreamWorks од 2016: Trolls World Tour. Во авантура што ќе ги однесе многу подалеку од тоа што го знаеле, Попи (Kendrick) и Бранч (Timberlake) откриваат дека се само едни од шест различни племиња Тролови раштркани низ шест различни земји и посветени на шест различни видови музика: фанк, кантри, техно, класична, поп и рок. Нивниот свет ќе стане многу поголем и многу погласен. Член на хард-рок кралското семејство, кралицата Барб (Rachel Bloom), помогната од нејзиниот татко, кралот Треш (Ozzy Osbourne), сака да ги уништи сите други видови музика за да владее рокот. Со судбината на светот во опасност, Попи и Бранч, заедно со нивните пријатели Биги (James Corden), Ченил (Caroline Hjelt), Сатин (Aino Jawo), Купер (Ron Funches) и Гај Дајмонд (Kunal Nayyar) тргнуваат да ги посетат сите други земји да ги обединат Троловите во хармонија против Барб, која сака да ги засени сите нив. Изборот на членови на различните музички племиња е еден од најголемите и најпризнати групи на музички таленти некогаш собрани за анимиран филм. Од земјата на фанкот се J. Blige, George Clinton and Anderson .Paak. Кантрито гопретставуваат Clarkson како Delta Dawn, со Sam Rockwell како Hickory и Flula Borg како Dickory. J Balvin го носи Reggaeton, а Ester Dean е во поп племето. Anthony Ramos го носи ритамот на техното, а Jamie Dornan е задожен за смут џез. Светски познатиот диригент и виолинист Gustavo Dudamel се појавува како Тролзарт, а Charlyne Yi како Пенивисл од земјата на класичната музика. Kenan Thompson рапува како новородениот хип-хоп Трол по име Тајни Дајмонд. Во филмот има и оригинална музика од Justin Timberlake, кој имаше номинација за Оскар за неговата песна во ТРОЛОВИ во 2016, „Can’t Stop the Feeling!,“ и нумера од Theodore Shapiro (Ghostbusters од 2016, The Devil Wears Prada).

Сите времиња за почеток

Cineplexx Skopje City Mall
Купете онлајн, Резервација Купете онлајн, Нема резервација Купување само на лице место Не може да се резервира

Оцена

Тука може да ја оставите Вашата лична оценка за филмот.

За да ја користите оваа функција мора да се пријавите.Доколку се немате регистрирано, регистрирајте се тука.