Со 4 клика до билет!
Ѕвездата на НБА, Леброн Џејмс, се здружува со Душко Долгоушко и останатата банда од Looney Tunes во долгоочекуваното продолжение на Space Jam.
Кога кошаркарскиот шампион Леброн Џејмс и неговиот син - кој сонува да биде креатор на видео игри - се заробени во виртуелен простор од одметникот Алг Ритам, Леброн мора да се здружи со Душко Долгоушко, Паторот Дачо, Прасето Гицко и останатата Looney Tunes банда и да ги победат Силеџиите - тимот на Алг Ритам, составен од моќни професионални кошаркари во дигитална верзија. Шашавите цртани ликови ќе се соочат со Силеџиите, во најважниот предизвик во неговиот живот и ќе ја дефинира врската што Леброн и неговиот син ја имаат.