Соба со пијано

Соба со пијано

Режисер на филмот „Соба со пијано“ е Игор Иванов Изи, додека сценариото е дело на Жанина Мирчевска и Игор Иванов Изи. Кинематограф и продуцент на филмот е Томи Салковски, а музиката е дело на пијанистот и композитор Чили Гонзалез. Главните улоги во филмот ги играат: Наташа Петровиќ како собарката, Васил Зафирчев како бизнисменот и како Ира, Ива Крајнц како Ева, Тортсен Вогеш како Виктор, Невена Ристиќ како Нина, Јагода Кумриќ како Гога, Дениз Абдула како Азиз, Фирдаус Неби како Илмаз, Светозар Цветковиќ како пијанистот, Игор Стојчевски како Петар и Симона Спировска како Марта.

Оригинален наслов: The Piano Room
Почеток на филмот: 13.09.2018
Траење на филмот: 103 Минути
Земја / година: MKD/2013
Жанр: Драма
Глумци: Natasa Petrovic, Jovica Mihajlovski
Режија: Igor Ivanovski Izi
Дистрибутер: Skopje Film Studio
Возрасна Категорија: (16)

Достапна технологија

  • Дигитал 2D

Содржина

Пред многу години, за време на своето гостување во Скопје, Виенската филхармонија била сместена во еден хотел. Најголемата соба во хотелот била резервирана за пијанистката, која неколку денови пред настапот вежбала на концертното пијано. На заминување, шефот на оркестарот му рекол на управникот на хотелот дека возилото кое треба да го пренесе пијаното било расипано, така што за некој ден ќе дојде друго возило за да го земе пијаното. Оттогаш, поминале многу години, но никој не дошол да го земе пијаното и тоа останало во хотелската соба. Вака започнува приказната за пијаното и собата во која се одвива целокупното дејствие на филмот. Потоа, во филмот се прикажуваат личните приказни на повеќе специфични ликови, кои се случуваат во собата: познатиот хирург Виктор, кој често доаѓа во хотелот на тајни средби со неговата љубовница Ева; двете тинејџерки Нина и Гога, кои првпат доаѓаат во хотелот во рамките на училишната екскурзија при што меѓу нив се раѓа љубов; Азиз и Илмаз се турски шофери на камион; еден угледен бизнисмен ја изнајмува собата за да се претвора во жена - Ира; пијанистот, кој некогаш бил угледен и славен, а денес е само обичен скитник, ја открива тајната што ја крие старото пијано од марката „Аугуст Ферстер“; Петар и Марта се штотуку венчани, без денар во џебот, но со паркирана „Јамаха“ пред хотелот.

Сите времиња за почеток

Нема проекции за избраното.
Купете онлајн, Резервација Купете онлајн, Нема резервација Купување само на лице место Не може да се резервира

Оцена

Тука може да ја оставите Вашата лична оценка за филмот.

За да ја користите оваа функција мора да се пријавите.Доколку се немате регистрирано, регистрирајте се тука.