Со 4 клика до билет!
Прославете го животот на една од најголемите музички икони на овој специјален настан, Погледнете го новиот филм КАРЛОС, со ексклузивно интро од режисерот Руди Валдез и Карлос Сантана. На 5 години, во неговото Мексико, научил да свири виолина. На 8 години се заљубил во гитарата. На 14 години ги развивал своите вештини како уличен изведувач. По неколку години го основа својот прв бенд, На само 22 години, пред да го издаде својот прв албум, Карлос станува најголемото откритие на Вудсток, свирејќи на втората вечер на фестивалот, на 16 август 1969. Музичка легенда, со 50 годишна кариера, 10 Греми награди, Сантана продолжува да биде светската сензација. Тој успешно спојува џез, блуз, и Маријачи звукот со рокенрол и ја буди конекцијата со нашите најдлабоки емоции. Електричниот документарец, користи нови интервјуа со Сантана и неговото семејство, заедно со неверојатни снимки кои се досега невидени, вклучувајќи и домашни видеа од Сантана, снимки од концертите и снимки од позади сцената. Руди Валдез креира еден интимен, богат документарен филм за човекот чиј звук фрла магија на фановите.