Со 4 клика до билет!
НОВА ПРОДУКЦИЈА
Композитор: Антоњин Дворжак
Сабота, 25.февруари 2017год. во 18:55ч
Времетраење: 245 минути
Кристина Ополаис во новата продукција на Дворжаковата трагична бајка која и ја донела меѓународното признание, ја игра водечката улога на осамената водена вила Русалка. Сир Марк Елдер диригира со новата продукција на Мери Цимерман во која играат Брендон Јованович како згодниот принц кој го заробил срцето на Русалка; Катарина Далајман како Принцеза, ривалка на водената вила; Ерик Овенс во улога на таткото на Русалка, Водениот дух и Џејми Бартон како вештерката Јежибаба.