Muse: Drones World Tour

Muse: Drones World Tour

МЈУЗ(MUSE), светски познатиот реномиран и мултиплатинест бенд, ја започна својата светска турнеја Drones во 2015-16, свирејќи на повеќе од 130 различни датуми ширум светот.

Оригинален наслов: Muse - Drones World Tour
Почеток на филмот: 12.07.2018
Траење на филмот: 90 Минути
Жанр: Концерт
Глумци: Matt Bellamy, Chris Wolstenholme, Dominic Howard
Режија: Tom Kirk, Jan Willem Schram
Дистрибутер: Trafalgar Releasing
Возрасна Категорија:

Достапна технологија

  • Дигитал 2D

Содржина

МЈУЗ(MUSE), светски познатиот реномиран и мултиплатинест бенд, ја започна својата светска турнеја Drones во 2015-16, свирејќи на повеќе од 130 различни датуми ширум светот. Познати по своите ексцентрични настапи, на оваа турнеја бендот свиреше на кружна сцена, во средина на арената, овозможувајќи им на посетителите посебно доживување преку нивната посебна сцена која им овозможи аудио/визуелно „360 степени“ искуство. Централно на турнејата, покрај визуелно богатата сцена, беа и дроновите, кои самостојно надлетуваа над сцената и публиката, покрај огромни проекции кои имаа интеракции со бендот на сцената. Спектаклот, вклучувајчи и LED светла и ласери, совршено го надополнуваше репертоарот на бендот. Клучните песни кои беа изведени на оваа турнеја ги вклучуваа “Psycho”, “Madness”, “Uprising”, “Plug in Baby”, “Supermassive Black Hole” и “Knights of Cydonia.” Снимано на повеќе концерти, овој концертен филм вклучува и специјални сцени кои никогаш претходно не биле видени, како и ексклузивна снимка од бендот во воведот на филмот. Тука, го гледаме бендот во зенитот на нивната моќ, креирајќи незаборавно искуство за сите фанови ширум светот, искуство кое само по себе бара да се види на големото платно.

Сите времиња за почеток

Нема проекции за избраното.
Купете онлајн, Резервација Купете онлајн, Нема резервација Купување само на лице место Не може да се резервира

Оцена

Тука може да ја оставите Вашата лична оценка за филмот.

За да ја користите оваа функција мора да се пријавите.Доколку се немате регистрирано, регистрирајте се тука.