Мајки

Мајки

Филмот е своевиден триптих, во чиј состав влегуваат три различни и една од друга сосема независни приказни.

Оригинален наслов: Мајки
Почеток на филмот: 13.09.2018
Траење на филмот: 123 Минути
Земја / година: MKD/2010
Жанр: Драма
Глумци: Ана Стојановска, Салаетин Билал, Билјана Беличанец
Режија: Милчо Манчевски
Дистрибутер: Банана Филм
Возрасна Категорија: (16)

Достапна технологија

  • Дигитал 2D

Содржина

Првата приказна се одвива во Скопје, а во фокусот се две деветгодишни девојчиња, кои решаваат да пријават манијак во полиција, иако воопшто не го виделе. Поради нивната лага, полицијата приведува еден невин човек. Втората приказна се одвива во Мариово: новинарска eкипа, составена од новинар, камерманка и снимач на звук, снима документарен филм за животот во напуштените села во Македонија. Така, тие се среќаваат со единствените жители на едно напуштено село - брат (го игра Билал) и сестра (ја игра Радмановиќ) на околу 80-90 години, кои се скарани од нивната младост и кои не попуштаат да се помират и покрај тоа што се целосно осамени и во селото и во животот. Дури кога братот умира, старата и немоќна сестра, со помош на камерманката (ја игра Стојановска), се обидува да му ископа гробво тврдата земја. Третата приказна е фактографска и овој дел од филмот е со документарен карактер. Станува збор за приказна за познатиот македонски сериски убиец - новинарот Владо Танески од Кичево, кој бил осуден за силување и убиство на пензионирани чистачки. Притоа, се прикажуваат искажувањата на блиските роднини и пријатели на жртвите, но и на сопругата на Танески.

Сите времиња за почеток

Нема проекции за избраното.
Купете онлајн, Резервација Купете онлајн, Нема резервација Купување само на лице место Не може да се резервира

Ваше мислење

Овде можете да оставите коментар

За да ја користите оваа функција мора да се пријавите.Доколку се немате регистрирано, регистрирајте се тука.