Со 4 клика до билет!
Поминаа три години откако тематскиот парк и ликсузниот ресорт Светот Јура беше уништен од диносауруси што се ослободија. Островот Нублар сега е напуштен од луѓето додека преживеаните диносауруси се грижат за себе во џунглите.
Оригинален наслов: | Jurassic World: Fallen Kingdom |
Почеток на филмот: | 07.06.2018 |
Траење на филмот: | 129 Минути |
Земја / година: | USA/2018 |
Жанр: | Акција, Авантура |
Глумци: | Chris Pratt, Bryce Dallas Howard, Jeff Goldblum, B.D. Wong |
Режија: | Juan Antonio Bayona |
Дистрибутер: | Premium Film |
Возрасна Категорија: |
Кога вулканот на островот почнува да оживува, Овен ( Крис Прат) и Клер ( Брајс Далас Хауард) започнуваат акција за спасување на преостанатите диносауруси од истребување. Овен сака да ја најде Блу, главниот грабливец кој е исчезнат во дивината, а Клер почнува да ги почитува вие суштества кои сега станаа нејзина мисија. Доаѓајќи на нестабилниот остров додека лавата почнува да тече, експедицијата открива заговор кој може да ја врати целата наша планета во опасен поредок што не е виден уште од праисториско време. Со сите чуда, авантура и возбуди на една од најпопуларните и најуспешни серии во историјата на киното, овој нов филм го следи враќањето на омилените ликови и диносауруси, заедно со новите видови, позастрашувачки од кога и да е. Добре дојдевте во Светот Јура: Паднато Кралство. Ѕвездите Прат и Хауард се враќаат заедно со извршните продуценти Стивен Спилберг и Колин Тревороу за Светот Јура: Паднато Кралство. Ги придружуваат Џејмс Кромвел, Тед Ливајн, Џастис Смит, Џералдин Чаплин, Даниела Пинеда, Тоби Џонс, Раф Спал и Изабела Сермон, додека БД Вонг и Џеф Голдблум ги репризираат своите улоги. Режирана од Х.А. Бајона ( The Impossible), акционата авантура е напишана од режисерот на Светот Јура, Тревороу, и соработникот, Дерек Коноли. Продуцентите Френк Маршал и Пет Кроули повторно се здружуваат со Спилберг и Тревороу за да ги водат филмаџиите за оваа неверојатна поставка. Белен Атиенца му се придружува на тимот како продуцент.