Со 4 клика до билет!
Музика: Леон Минкус
Кореографија: Алексеј Федејечев
Недела, 2 декември 2018 година во 16:00ч
Времетраење: 175 минути
Инспириран од јуначките приказни за храбрите витези, Дон Кихот од Ла Манча и неговиот верен слуга Санчо Панса започнуваат авантуристичко патување за да ја најдат неговата идеална жена, Дулсинеја. Херојот на Сервантес оживува во признатата изведба на ова исклучително дело на Бољшој театар. Со помош на феноменалната и впечатлива техника, главните танчари Екатерина Крисанова и Семјон Чудин ја предводат спектакуларната екипа составена од тореадори, фламенко танчари, вили, во еден виртуозен танц кој во својата суштина е токму Бошљој. Снимено на 10 април 2016 година.