Со 4 клика до билет!
По рекордниот успех на Music Of The Spheres Live на Coldplay емитуван од Аргентина во кината ширум светот минатиот октомври, бендот се враќа на големото кино платно во овој сосема нов, режисерски пресек на шоуто. Снимено за време на распродадените 10 концерти по ред на стадионот Ривер Плата во Буенос Аирес,овој спектакуларен концертен филм се одликува со ремикс / ремастеризиран звук и неверојатни визуелни снимки направени од режисерот Пол Дагдејл, добитник на БАФТА и номиниран за Греми, вклучувајќи и досега невидени снимки. Светла, ласери, огномет и ЛЕД нараквици го исполнуваат екранот на концертот за кој The Times напиша дека е „најголемото музичко шоу во живо досега“. Покрај класичните хитови како што се Yellow, Fix you, Viva La Vida, Sky full of stars - филмот содржи ѕвездени гостувања вклучувајќи го и Џин од BTS со дебито во живо на неговиот сингл The Astronaut. Не пропуштајте ја вашата шанса да го споделите ова радосно животно искуство, со обожавателите на Coldplay насекаде во светот. Оваа проекција вклучува и специјално снимени кадри зад сцената - со невидени интервјуа со бендот - кој е ексклузивен за кината.