Со 4 клика до билет!
Композитор: Франческо Чилеа
Диригент: Џанандреа Носеда
12 јануари 2019 година во 18:55ч
Времетраење: 240 минути
Нова Продукција
Ана Нетребко за првпат ја пее насловната улога на Адријана Лекуврер, големата актерка од осумнаесеттиот век, која е заљубена во воениот херој Маурицио, кој го пее Пјотр Бецзала. Џанандреа Носеда е диригент на оваа трагедија од Чилеа, а во режија на сер Дејвид МекВикар, при што дејствието делумно се одвива во работна копија на барокен театар. Другите улоги се на Анита Рачвелишвили како принцезата од Бујон, инаку соперничка на Адријана во однос на Маурицио; Амроџо Маестри како Мишоне, инаку верна пријателка на Андријана; и Карло Бози како Абе. Адријана Лекуврер е копродукција во соработка со Кралската оперска куќа, Ковент Гарден од Лондон; Гран Театре Дел Лицеу од Барселона; Виенер Стаатсопер; Операта од Сан Франсиско; и Националната опера од Париз.