Рекламирање во кино


Cinecom

ЕДНОСТАВЕН И БРЗ НАЧИН ЗА ПРОМОЦИЈА НА ВАШАТА КОМПАНИЈА

Киното во светски размери е еден од најатрактивните медиуми за рекламирање. Компаниите секогаш се во потрага по медиум кој ќе им овозможи директно обраќање до нивната целна група, медиум кој ќе го постигне саканиот ефект при пласманот на информации, промовирање на продукти и услуги и позиционирање на брендот.

Рекламирањето во кино стана тренд и во Македонија!

ВЛИЈАНИЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Посетувањето на киното претставува планирана активност. Посетителите 7 дена однапред одлучуваат кој филм ќе го гледаат, одвојуваат време и пари и на тој начин директно носат одлука за еден медиум. Посетителите главно се активни личности со просечна или повисока платежна моќ, на возраст меѓу 14 и 35 години.

ЦЕЛНИ ГРУПИ

Во зависност од денот, филмот, програмата и настаните целните групи се подделени во неколку возрасни групи. Сите овие фактори дозволуваат посета на широка и масовна целна група која буквално ги опфаќа сите старосни возрасти.
Огласувачот со изборот на филм за својата реклама ја одбира и целната група на која ѝ се обраќа. Истражувањата покажаа дека филмската публика и до пет пати подобро ја памети пораката од рекламата од кино (памети повеќе детали и ги памети подолго) во споредба со телевизиските реклами.

ИНТЕРАКЦИЈА СО ПОТРОШУВАЧИТЕ

Можна е промоција на силен brand building и лично искуство преку промоции, натпреварувања и наградни игри. Cineplexx регуларно организира најразлични настани и промоции кои му овозможуваат директна комуникација со посетителите и одличен фидбек.

ВМРЕЖУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕ МЕДИУМИ

Во киното може да се користат повеќе канали за промоција: на екранот, инфо канал, кино водич, брендирање на сали и карти, продажба, но и sampling производи.

CINEPLEXX – ВИСТИНСКО КИНО

Сите наши кино-сали се опремени според највисоките CINEPLEXX стандарди. CINEPLEXX во својот состав има над 36 мултиплекс низ цела Европа. Ние сме лидери во Австрија и во Југоисточна Европа. Стандардите подразбираат врвни филмски платна (платната во салите со 3D се обложени со легура од сребро), амфитеатарски распоред на седиштата и професионален Dolby звук што гарантираат врвно и незаборавно доживување.

Сите CINEPLEXX кина се опремени со RealD 3D технологија која претставува највисок дострел во технологијата и која, заедно со платната SilverScreen, пружа максимално уживање при гледањето филм во 3D. Посебно доживување се преносите на настани како што се концерти, балетски и оперски претстави или спортски натпревари.

РЕКЛАМИРАЊЕТО ВО КИНО Е НАЈЕФЕКТНО!

ПРЕДНОСТИ НА КИНО РЕКЛАМИРАЊЕ

Посетата на кино е единствено и посебно искуство. Со самиот тој факт нашите посетители стануваат единствени потрошувачи. Киното е место за опуштеност и забава. Замена за големото платно и за многубројната публика нема. Cineplexx нуди соодветна комбинација на огласна површина која може да се прилагоди соодветно производите/услугите кои се цел на рекламирањето. Ова единствено искуство може да постигне одличен краен ефект на кој поединечно не е конкурентен ниту еден друг медиум.

Што можеме да ви нудиме:

On screen рекламирање:

• Паушален неделен закуп за сите филмски проекции

• Избор на поединечни филмски наслови пред кои ќе се прикаже вашата реклама

• Избор на целна група која сакате да ја комуницирате преку вашата реклама

• Оптимално планирање преку проценка на програмата и посетителите
Искористете ги сите начини за промоција кои ги нуди Cineplexx за да допрете до целната група!

Не ги пропуштајте единствените маркетиншки алатки како таргетиран sampling преку нашите настани (Ladies Night, Men’s Night, Teen’s Night, Family Day), рекламирање на кино билетите и кутиите за пуканки кои заедно со рекламата на платно ќе бидат совршена комбинација за вашите потрошувачи.

Организирајте интерен настан, презентација, прес конференција или пак поканете ги вашите клиенти на затворен настан каде ќе им го прикажете омилениот филм – ние ќе ви резервираме сала, ќе ви асистираме при изборот на филм и ќе ви обезбедиме техничка поддршка за самиот настан.


Ќе ни биде задоволство да соработуваме со Вас!

Доколку сте заинтересирани за нашите услуги, можете да се обратите на следниов контакт:

КОНТАКТ

Биљана Јанкуловска (од 09:00 до 17:00ч)
Љубљанска бр.4
1000 Скопје
тел. 078 310 911
E-маил адреса: biljana.jankulovska@cineplexx.mk