Cineplexx со нова локација во East Gate Mall

15.07.2021
Ново кино Cineplexx во East Gate Mall
Кино групацијата CINEPLEXX ја започна изградбата на својата втора локација во Скопје.
Церемонијата се одржа во четвртокот, на 15 јули, во новиот трговски центар „Ист Гејт Мол“ каде што членот на Управниот Одбор задолжен за развој на деловни активности на групацијата CINEPLEXX, господинот Лукас Лангхамер и извршниот директор на Скопје Ист Гејт, господинот Игор Давков го потпишаа договорот за соработка.

CINEPLEXX започнува со градежните активности за мултиплекс кино, со површина од приближно 3.000м2 и повеќе од 1.000 места во осум сали, каде што посетителите ќе имаат можност да ја доживеат филмската магија преку најсовремената кино технологија, прикажувајќи домашни и меѓународни филмови, додека љубителите на филмот ќе уживаат во добро познатите високи стандарди за услуги на CINEPLEXX. „Како лидер за иновации, ние сме посветени на нашите посетители да им го понудиме најдоброто кино искуство и сме многу горди што наскоро истото ќе биде достапно и на нашата втора локација, која дополнително ќе го збогати културниот живиот во Скопје.“, изјави Господин Лукас Лангхамер, членот на Управниот Одбор задолжен за развој на деловни активности на групацијата CINEPLEXX.

„Многу сме среќни што единствениот кино простор го отстапивме на реномираниот лидер на пазарот во Југоисточна Европа, CINEPLEXX, обезбедувајќи најсовремено уникатно кино искуство за нашите посетители. Киното ги збогатува забавните содржини во трговскиот центар Ист Гејт Мол и уште повеќе ќе придонесе за збогатување на културниот живот во Скопје, особено имајќи предвид дека ова е првото кино што се отвора во овој дел од градот “. – изјави господин Игор Давков, извршен директор на Скопје Ист Гејт.

Првото кино CINEPLEXX во Скопје, кое беше отворено во 2012 година, беше реализирано во соработка со групацијата БАЛФИН. „Особено го цениме нашето успешно партнерство со групацијата БАЛФИН, со која веќе соработуваме повеќе од 10 години. Ние ги пречекуваме љубителите на филмот во Скопје од 2012-та година и посебно во вакви периоди, кога нашиот социјален живот е ограничен, гледаме колку е важно одењето во кино - тоа е начин да се помине квалитетно време со пријателите и семејството, време за инспирација, образование и забава. Горди сме што имаме толку софистицирани партнери за да им овозможиме на жителите на Скопје второ кино за комплетно доживување на филмската магија преку големото платно “, дополни г. Лукас Лангхамер.

Киното се очекува да биде отворено во четвртиот квартал од оваа година.

Нова димензија на удобност за Скопје

Покрај најсовремената кинотехнологија, CINEPLEXX најавува и нова димензија на удобно седење преку нова ексклузивна ВИП сала со луксузни кожни седишта за извонреден комфорт и приватност. Господинот Михаел Ретенбахер, раководител на техничкото одделение во CINEPLEXX изјави: „Нашите австриски стандарди за прикажување на проекциите, амбиент и удобност се веќе добро познати во Скопје и сметаме дека е наша обврска секогаш да обезбедуваме дополнителни иновации и високи услуги. Посетителите на нашето ново кино во Скопје можат да го очекуваат најдоброто кино искуство.” Повеќе детали за проектот ќе бидат објавени во подоцнежната фаза од напредокот во градежништвото.

CINEPLEXX International GmbH

Историјата на компанијата започна во 1951 година со компанијата за дистрибуција на филмови Константин филм во Австрија. Од 1985 година, компанијата е под управувачко партнерство и понатамошна целосна сопственост на австриските претприемачи. Во 70-тите години на минатиот век, се случи проширување на местата низ целата земја под името Constantin Film Kinos. CINEPLEXX Kinobetriebe GmbH е подружница на Constantin Film-Holding-GmbH, основана во 1985 година, со над 60 кина во 12 земји: Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Косово, Грција, Романија и Италија. Кината CINEPLEXX се распространети со 400 сали и повеќе од 70.000 места. Последниот чекор за проширување во Австрија се случи во февруари 2019 година со купување на UCI Kinowelt и придружните три локации. Во 2019 и 2020 година, експанзијата во областа на ЈИЕ влезе во нова фаза со пет кина во Романија и две во Србија. Најновата експанзија се случи во јуни 2021 година со отворање на ново кино во Сараево.

Со околу 1.700 вработени, компанијата оствари приходи од над 150 милиони евра во 2019 година. Во 2019 година, киносалите CINEPLEXX ги посетија скоро 13 милиони посетители.

Повеќе информации за водечкиот кино-оператор во Југоисточна Европа на www.cineplexx.at

Семеен пакет

Кон настанот

Нова CINEPLEXX апликација

Преземи ја новата апликација сега!

Кон настанот