ВЛЕЗЕТЕ ВО ВИРТУЕЛНИОТ СВЕТ НА СТИВЕН СПИЛБЕРГ. „ИГРАЈ БРОЈ 1“ ОД ЧЕТВРТОК ПРЕМИЕРНО ВО CINEPLEXX!

28.03.2018
Филмот “ го следи младиот бунтовник Вејд Вотс. За да избегне од секојдневните проблеми, Вотс се приклучува во ММО игра наречена "Оаза". Кога богатиот основач на играта умира, тој им го нуди своето богатство на своите играчи како награда во пронаоѓање на велигденски јајца во рамките на „Оазата“. Вејд Вотс го пронаоѓа првиот доказ и ја започнува трката. Тој се впушта во акција, и пет години подоцна се соочува против корпоративните непријатели кои се спремни на сѐ само за да ги добијат парите - и во реалниот свет и во „Оазата“.



На репертоарот ни почнува и комедијата „Гринго “. Во возбудлива мешавина од црна комедија, акција и драматична интрига, Гринго патува кон Мексико, каде што малку воспитаниот бизнисмен Харолд Соинка (Дејвид Ојелово) се наоѓа себеси на милоста на неговите подмолни колеги, локални дилери на дрога и морално конфликтни платеници. Преминувајќи ја линијата од граѓанин кој го почитува законот, Харолд се бори да опстане во опасната ситуација во која се наоѓа, при што се поставува прашањето: Дали е надвор од опасност или е два чекора напред?
Корупција, одмазда и најмрачните внатрешни демони се главна тема на филмот „Всушност, никогаш не беше тука “, кој ги однесе наградите за најдобро сценарио и најдобар актер на Филмскиот Фестивал во Кан минатата година. Овој сензационален крими-трилер, на режисерката Лин Ремзи, премиерно ќе се прикажува од овој четврток.
Хоакин Феникс се најде во улогата на трауматизиран и емотивно дистанциран воен ветеран, поранешен ФБИ агент, кој живее со дементната мајка, која е и негова единствена врска со она што би можело да се нарече нормален живот. Критичарите ја окарактеризираа неговата изведба во овој мистериозен трилер како најдобра во неговата досегашна кариера.
По воената служба, Џо (Хоакин Феникс) како би можел да преживее прифаќа да работи како платеник. Негова специјалност се спасување на девојки кои станале дел од синџирот на бело робје. Причина за неговата последна насилна мисија е Нина, ќерка на њујоршки сенатор, киднапирана и сместена да работи во бордел на Менхетен. Негова задача е да ја пронајде, да ја врати дома и да го убие секој кој ќе му застане на патот. Кога работата ќе излезе од контрола, кошмарите на Џо почнуваат да го обвземаат, што води до две можни опции - негова смрт или негово будење.

Повеќе информации за филмовите можете да најдете на нашата интернет страна и на нашата фејсбук страна

Семеен пакет

Кон настанот

Нова CINEPLEXX апликација

Преземи ја новата апликација сега!

Кон настанот