„Предавство“ најдобриот шпионски филм за оваа година

28.02.2018
Оваа 2018 година е дефинитивно добра година за добри филмови, а „Предавство “ е еден од нив. Овој шпионски трилер, базиран на книга на поранешниот оперативец на ЦИА Џејсон Метјус, пристигнува во домашните кина на 1 март. Филмот ни ја носи приказната за девојката која важи за најсмртоносниот руски агент.



Доминика Ергова (Џенифер Лоренс) е посветена ќерка решена да ја заштити мајка си по секоја цена. Примабалерина чија свирепост го носи нејзиното тело до апсолутна граница. Господарка на заводливи и манипулативни борби. Кога ќе претрпи повреда поради која и завршува кариерата, Доминика и нејзината мајка се соочуваат со мрачна и несигурна иднина. Очајна и изманипулирана, таа се приклучува на обука во таканаречената Школа за Врапци, тајна разознавачка агенција која обучува извонредни млади луѓе кои ги користат своите тела и умови како оружје. По долг и садистички процес на обука, таа станува најопасното Врапче излезено од програмата.
„Оваа улога бараше сериозна физичка подготовка. За балетските сцени морав многу да тренирам - три месеци, по четири часа секој ден. Тоа беа навистина интензивни тренинзи, но сепак недоволни да ме доведат до нивото на една балерина од Бољшој театарот.“ објаснува Џенифер Лоренс.
Режисер на филмот „Предавство“ е Френсис Лоренс, режисер на филмовите „Игри на гладта“, а главната улога ја исполнува оскаровката Џенифер Лоренс, која је предводи сјајната екипа во која се Џоел Еџертон, Шарлот Рамплинг и Џереми Ајронс.

Наградуваната црна комедија „Три билборди пред Ебинг, Мисури “, која доби четири Златни Глобуси и седум номинации за претстојните Оскари, претставува необична приказна за жената која започнува вистинска војна против полицијата, користејќи три билборди во Мисури по неуспешната потрага по убиецот на нејзината ќерка. Главни улоги им припаѓаат на Френсис Мекдорманд, Сем Роквел, Вуди Харелсон и Питер Динклиџ. Филмот се прикажува како дел од Cineplexx Оскар Ревија, а почнувајќи од 01. Март ќе се најде на редовниот репертоар.

Од режисерот на комедијата „Мртов ладен“ и „Некролог за Ескобар“ ни доаѓа нова регионална доза хумор „Џуџиња од насловните страници “. Никола (Гордан Кичиќ) има четириесеттина години и е водечка ѕвезда на реалити програмата што се вика „Три минути слава“. Во пракса, тоа изгледа така што тој безобразно ги навредува луѓето што се пријавуваат на тоа шоу и поради тоа е многу ценет и одлично платен. Неговите злобни и отровни зборови магнетски ги привлекуваат гледачите и ги креваат рејтинзите до небо.
Освен тоа, тој смислува и разни други реалити формати, како и разни скриени камери. Всушност, неговиот живот е реалити програма. Неговиот најдобар пријател, Зоран (Борис Миливојевиќ), е сопственик на медиска куќа која се занимава со производство на разни реалити формати, а жената на неговиот пријател, Мира (Тамара Крцуновиќ), е неговата најголема љубов од младоста, што, се разбира, никој освен нив двајца не го знае. Животот на Никола почнува да се менува во моментот кга смислува начин како од младата девојка која ја турка нејзината амбициозна мајка да направо ѕвезда. И’ наместуваат скриена камера која се оттргнува од контрола и тој почнува да се прашува дали сето тоа е местенка, скриена камера што му ја местат нему. Кога ќе се увери дека одредени околности се сепак вистински, принуден е да ја спасува сопствената кожа на единствениот начин што го знае... Со помош на реалити програмата. Но тој мора да одлучи дали целиот негов живот е едно големо реалити шоу и што е во сето тоа вистина, а што се измислици што го креваат рејтингот.

Повеќе информации за филмовите можете да најдете на нашата интернет страна и на нашата фејсбук страна

Семеен пакет

Кон настанот

Нова CINEPLEXX апликација

Преземи ја новата апликација сега!

Кон настанот