Марвеловиот „Црниот пантер“ (Black Panther) ни пристигнува во Cineplexx

14.02.2018
По настаните од „Капетан Америка: Граѓанска војна“, кралот Т'Чала се враќа дома во изолираната и технолошки напредна африканска нација Ваканда за да служи како нов лидер на неговата земја. Сепак, Т'Чала наскоро дознава дека е предизвикан на борба за тронот од одредени фракции во неговата сопствена земја. Кога двајца непријатели прават заговор за уништување на Ваканда, херојот познат како „Црниот пантер “ мора да ги здружи силите со агентот на ЦИА Еверет К. Рос и членовите од Дора Милаје, специјалните сили на Ваканда, за да ја оттргнат Ваканда од граѓанска војна.



Психолошкиот трилер „Берлински синдром “, на режисерката Кејт Шортланд, е базиран на истоимениот роман на писателката Мелану Џустен, од 2011 година, кој го поврзува стокхолмскиот синдром како психолошки поим со главниот град на Германија- Берлин.
Овој интензивно клаустрофобичен филм дава потполно нов поглед на темата која е многупати обработувана, и тоа го прави извонредно. За разлика од многуте филмови со иста тематика, „Берлински Синдром“ го става психолошкиот профил на жртвата во центарот на вниманието. Секој апект на филмот - режија, глума, камера, монтажа, музика и сценографија, го прават еден од најинтересните за оваа година. Главните актери, Тереза Палмер и Макс Римелт, се брилијантни во своите улоги, а режисерката експлицитно и детално го прикажува деградирањето на личноста на Клер и нејзината необична психолошка промена во заложништво.
„Уживав во толкувањето на ликот на Клер и истражувањето на нејзините несовршености, нејзината темна страна, и на крајот нејзиното откривање на самата себе. Никогаш немав играно толку повлечена и затворена личност, така што за мене ова беше голем предизвик“, објаснува Палмер.
„На Берлински Синдром можеме да гледаме како на чудна љубовна приказна во која се мешаат фантазијата, страста и авантурата, и која на крајот се претвора во хорор. Ја откриваме психолошката длабочина на главниот лик Енди, кој ја воведува публиката во трагичната врска меѓу него и Клер“, ни открива германскиот актер Макс Римелт.
Сите кои го сакаат познатиот краткометражен филм „Малиот Влекач", ќе уживаат и во долгометражното остварување „Малиот Брод: Спасител", кој на 15 февруари пристигнува во Cineplexx. „Малиот брод спасител “ е оригинална норвешка приказна за малото бродче спасител од едно приморско градче кој е унапреден во главен спасувачки брод во големото пристаниште, и кој го спасува светот со помош на неговите стари пријатели. Филмот е базиран на детската книга „Елијас: Малиот брод спасител", која е објавена во 1999. година во Норвешка.
Овој анимиран филм е одличен за целото семејство, особено за најмладата публика бидејќи е синхронизиран на македонски јазик и ни носи универзална порака наменета за сите генерации.

Повеќе информации за филмовите можете да најдете на нашата интернет страна и на нашата фејсбук страна

Семеен пакет

Кон настанот

Нова CINEPLEXX апликација

Преземи ја новата апликација сега!

Кон настанот