ШПАНСКИОТ ХОРОР НА САНЧЕЗ ЌЕ ВИ ЈА ЗАМРЗНЕ КРВТА. Не се плаши да влезеш во проколната куќа!

10.01.2018
Проколната куќа “ е долго очекуваното режисерско деби на Сергио Г. Санчез, хоророт кој ни пристигнува овој четврток.
Санчез, кој е виновникот за едни од најдобрите напишани сценарија во шпанската кинематографија е ценет поради неговата способност да ги менаџира емоциите и инстантно да се поврзе со публиката. Тој е посебно познат по филмовите „Сиропатилиште“ и „Невозможно“ кој беа огромен успех на неговиот пријател режисер Ј. А. Бајона. Иако Санчез се опишува себеси првично како режисер а потоа и сценарист, тој долго време бил во потрага по приказна која е доволно силна за да се докаже и како режисер.
„На патување со воз, зборејќи за прикзаните кои му се допаѓаат, за класиците и за старите филмови, зачнато беше семето на Проколната куќа“, вели продуцентката Белен Атиенза. Нивната професионална врска започна уште од претходно споменатите два наслови на која тие работеле. Таа била перфектно свесна за неговиот неискажан талент ккао режисер и знаела дека сака да биде дел од овој проект. Сценариото за „Проколната куќа“ е гредено чекор по чекор. Санчез се потсеќа на необичниот процес на пишување: „Започнав да го развивам. Имаше различни фази. Во текот на првата верзија и испраќав на Белен неколку страници на ден, не знаејќи каде води приказната.“



Дедо Мраз на замена “, магична бајка со примеси на комедија, ни пристигнува од Норвешка и ни ја носи божиќната авантура на господинот Андерсен, кој прави договор со Дедо Мраз да го спаси Божиќ. Филмот е заснован на познатиот норвешки класик за деца од 1959 година „Christmas Eve at Santa’s“, од писателот Алф Пројсен.
Една Божиќна ноќ, господинот Андерсен за малку ќе го упропасти Божиќ со неговотот невешто однесување. Тој ветува дека оваа година ќе се одрече од улогата на Дедо Мраз како би го сочувал мирот во куќата и би уживал со семејството. Следното утро, Андерсен сепак одлучува дека не сака да се одрече од својот сон и да им приреди совршен Божиќ, но во момент на невнимание се лизнува и паѓа врз подароците. По второто „патување“ низ шумата, се судира со еден стар човек кој е вистинскиот Дедо Мраз. Тие одлучуваат да се заменат, така што столарот Андерсен ќе оди кај семејството на Дедо Мраз, а Дедо Мраз ќе оди во посета на семејството Андерсен, и со тоа ќе ја спасат Божиќната вечер.
Режисер на филмот е Терје Рангнес, поранешен новинар кој станува режисер благодарение на искуството кое го стекнува како уредник на детска емисија за телевизија, по што се пробува и како режисер на детски ТВ серии. Неговото режисерско деби во игран филм е „Уште еден ден во канцеларија“ од 2010 година. Покрај низата успешни филмови, Рагнес исто така пишува сценарија и има глумено во неколку долгометражни и кратки филмови.

Повеќе информации за филмовите можете да најдете на нашата интернет страна и на нашата фејсбук страна

Семеен пакет

Кон настанот

Нова CINEPLEXX апликација

Преземи ја новата апликација сега!

Кон настанот