High Frame Rate

01.12.2013
HFR 3D

„Хобит: Неочекувано патување“ беше прикажан во 2012 година во повеќето кина низ светот во кино формат познат како HFR 3D (High Frame Rate 3D). Во декември 2013 ни доаѓа „Хобит: Пустошот на Смауг“, вториот дел од трилогијата Хобит, кој во киното Cineplexx ќе биде прикажан во HFR 3D и во дигитален формат кои ќе им овозможат на гледачите да уживаат во овие различни опции.
Како што веќе кино љубителите открија, HFR 3D е технолошки чекор напред во кино искуството. Иновативниот формат нуди 48 слики во секунда (fps), што е повеќе од стандардното, но кое човечкото око може да го регистрира. Тоа е два пати повеќе од стандардниот формат со 24 слики во секунда користен при снимањето на поголемиот дел од филмовите кои имате можност да ги погледнете во кината. Се надеваме дека ќе уживате во филмот во формат HFR 3D, кој ќе можете да го погледнете за прв пат во Македонија, само во киното Cineplexx.

HFR 3D Најчести прашања и одговори

Што е HFR 3D?

Бројот на слики (рамка) кои проекторот ги прикажува во една секунда. Моменталниот стандард е 24 слики во секунда. HFR 3D е формат со 48 слики во секунда, што е два пати повеќе снимени и прикажани слики. Кај HFR технологијата се работи според потполно нова постапка на ракување со камерата. Поради ова движењата во филмот изгледаат пореални. Сензационалното кино доживување е загарантирано кај 3D филмовите, бидејќи позадината е брилијатно оштра, а со самото тоа и 3D ефектот дополнително се зголемува. Дали е HFR достапен само во 3D формат?

Да. HFR верзијата на филмот „Хобит: Пустошот на Смауг“ е достапен само како 3D формат. Имам ли избор?

Да. Филмот ќе биде објавен и прикажан во различни формати. Во киното Cineplexx во Скопје ќе биде достапен и во Дигитал формат. Дали се потребни посебни 3D очила?

Очилата кои ќе ги добиете во киното за 3D проекциите, се користат и за HFR 3D проекции.

Тагови

Семеен пакет

Кон настанот

Нова CINEPLEXX апликација

Преземи ја новата апликација сега!

Кон настанот