ОСКАР РЕВИЈА ВО CINEPLEXX

26. ФЕВРУАРИ – 4. МАРТ

Не ја пропуштај приликата да ги погледнеш на големото платно своите фаворити за наградата Оскар.

Цена на билет е 220 денари.

ОСКАР РЕВИЈА ВО CINEPLEXX

Во рамки на оваа ревија ќе бидат прикажани филмовите номинирани за престижната награда Оскар.

Во периодот од 26. февруари (понеделник) до 04. март (недела) во Cineplexx можете да погледнете вкупно 7 филмови кои се во потесната трка за овогодишен победник во некоја од категориите. Доколку сте ги пропуштиле или би сакале повторно да ги погледнете ова е идеална прилика да уживате во удобни седишта и големото кино платно на Cineplexx.

Филмовите кои повторно ќе бидат прикажани во рамки на ревијата се: „Истребувач 2049“ (Blade Runner 2049), „Сите пари на светот“ (All the money in the world) кој доживеа огромен успех во кината ширум светот, „Квадрат“ (The Square) и „Величествениот шоумен“ (The Greatest showman).

Ексклузивно за време на ревијата премиерно ќе бидат прикажани и трите фаворити на публиката – „Обликот на водата“ (The Shape of water) последното остварување на Гилермо дел Торо кое доби најмногу номинации за претстојните оскари, дури 13 номинации, црната комична драма „Три билборди пред Ебинг Мисури“ (Three Billboards outside Ebbing, Missouri) кој е во трката за Оскар во 7 категории и филмот „Викај ме со твоето име“ (Call me by your name) за кој критичарите изјавија дека е најемотивниот филм за оваа година.

Се гледаме во Cineplexx! Билетите се пуштени во продажба.

Цената на билети за филмовите опфатени со Cineplexx Оскар Ревија изнесува 220 ден, за секоја проекција, секој ден во текот на прикажување на ревијата (26.02-04.03).
Оскар Ревијата се дефинира како посебен настан, и поради тоа цената на билетите е унифицирана.

Ви благодариме на разбирањето!
Скопје, 21.02.2018

Нема програма за архивираниот настан

Истребувач 2049

Триесет години по настаниот од првиот филм, новиот истребувач, полицаецот К од полицијата од Лос Анџелес (Рајан Гослинг) ја открива долго чуваната тајна што има можност да предизвика хаос во општеството и да стави крај на човештвото. Откритието на К го носи во потрага по Рик Декард (Харисон Форд), бивши полицаец од Лос Анџелес кој што е исчезнат веќе 30 години.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Истребувач 2049

Квадрат

Кристијан е почитуван куратор во музеј на современа уметност, разведен, но посветен татко на две деца, кој вози електричен автомобил и поддржува добротворни цели. Негова следна изложба е „Квадратот“, инсталација што ги повикува минувачите на алтруизам, потсетувајќи ги на нивната одлука како одговорни луѓе и сограѓани.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Квадрат

Величествениот шоумен

„Величествениот Шоумен“ е оригинален мјузикл кој го слави раѓањето на шоу бизнисот и остварување на соништата на еден човек. Инспириран од амбицијата и имагинација на П.Т. Барнум, „Величествениот Шоумен“ зборува за визионерите кои се издигнуваат од ништо да го создадат магичниот спектакл кој станува светска сензација – циркус.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Величествениот шоумен

Сите пари на светот

Приказна за киднапирањето на 16-годишниот Џон Пол Гети III и очајничкиот обид на неговата посветена мајка да го убеди неговиот дедо милијардер, Џон Пол Гети, да го плати откупот.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Сите пари на светот

Три билборди пред Ебинг Мисури

Една мајка лично ги предизвикува локалните власти да го решат убиството на нејзината ќерка, откако нема да успеат да ги фатат извршителите.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Три билборди пред Ебинг Мисури

Викај ме со твоето име

„Викај ме со твоето име“, новиот филм на Лука Гвадањино, претставува сензуална и трансцедентна приказна за прва љубов, базиран на прочуениот роман на Андре Акиман.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Викај ме со твоето име

Обликот на водата

„Обликот на водата“ е спиритуална бајка, сместена во Америка, во времето на Студената војна, некаде околу 1962 г.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Обликот на водата