Horror Night за „Ние“ на 27 март

Среда од 19:00 часот во кино!

HORROR NIGHT - Us

Првиот Horror Night за 2019-та ни го носи филмот НИЕ на режисерот и сценарист Џордан Пил, кој за претходниот свој хорор филм доби Оскар за најдобро сценарио.
Што може да очекуваме од филмот НИЕ кој беше оценет со оценка 100% fresh на Rotten Tomatoes?
Дојдете во среда на 27.03 во 19:00 часот и дознајте.


Поставен во денешно време крај брегот на Северна Калифорнија,филмот НИЕ,со оскаровката Лупита Нјонг’о како Аделаид Вилсон, е приказна за жена која се враќа во својот дом од детството крај плажа со својот сопруг, Гејб, ( Винстон Дјук) и нивните две деца на идиличен летен одмор. Прогонувана од необјаснива и неразјаснета траума од нејзиното минато, измешана со низа морничави случајности, Аделаид чувствува дека нејзината параноја расте додека станува сигурна дека нешто лошо ќе му се случи на нејзиното семејство.

Билетите се пуштени во претпродажба.

Нема програма за архивираниот настан

Ние

По бранувањето на современата култура и поставувањето нов стандард за провокативни, социјално-свесни хорор филмови со своето режисерско деби, БЕГАЈ, оскаровецот и визионер Џордан Пил се враќа со нов оригинален кошмар кој тој го напиша, го режираше и го продуцираше.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Ние