Есен на македонски филмови

Оваа есен, погледни македонски филм за цена од 150 денари!

Нема програма за архивираниот настан

Погледни ги македонските филмови кои оставија трага во историјата на Cineplexx.

Погледни ги македонските филмови кои оставија трага во историјата на Cineplexx.


- Медена земја е филм кој освен во македонската кинематографија, остави белег и во историјата на Оскар наградите, каде е единствениот документарен филм кој е номиниран за Оскар за најдобар документарен филм и номиниран е и за Оскар за најдобар филм од неанглиско подрачје.

- Врба е еден од најгледаните македонски филмови во Cineplexx, со повеќе од 12.000 гледачи. Наградуван на повеќе светски фестивали, филмот следи 3 жени во обидот да станат мајки, низ 3 различни приказни и минатото и сегашноста. Овој филм е шестиот по ред филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, кој со својот филм „Пред дождот,“ ѝ ја носи на Македонија првата номинација за Оскар за најдобар филм од неанглиско подрачје.

- Хомо е најновиот филм на Игор Иванов - Изи, филм кој својата премиера ја имаше во екот на пандемијата која го промени човештвото во целост, а и навиките за одење во кино. И покрај тоа, Хомо убедливо се наоѓа во топ 3 најгледани филмови во Cineplexx по повторното отварање на своите сали.

- Стела е филм за искрената и посебна врска која децата и животните ја имаат меѓусебе. Никола е дете жртва на булинг во своето училиште во Германија, и по еден немил настан, решава да побегне и да дојде во Македонија - родната земја на неговиот татко. Во оваа авантура, Стела е таа која му е придружник и му ја враќа вербата во животот, но и во луѓето.

- Ема е деби филм на надежниот млад режисер Мартин Чичовски, кој со позајмени камери, слободно лето и добра идеја го ствара својот прв филм - приказ на средношколското секојдневие.

- ТМ е филм на Ивица Димитријевиќ, актер, музичар и режисер, кој со овој филм ни ги доловува осаменоста, вербата во невозможното, критика на општеството и политиката како главен кривец за исчезнување на поединецот, за исчезнување на една личност која е цел еден свет.

TM

ТМ е филм за осаменоста, вербата во невозможното, критика на општеството и политиката како главен кривец за исчезнување на поединецот, за исчезнување на една личност која е цел еден свет.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

TM

Врба

Шестиот филм на Манчевски „Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Врба

Ема

Прв долгометражен филм на 16 годишниот Мартин Чиковски. Секојдневна средношколска приказна низ очите на младиот човек.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Ема

Медена Земја

Кога еден ќе го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената. Последната пчеларка во Европа се соочува со сериозен предизвик кога треба да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа. Во Медената земја пристигнуваат пчелари номади кои го прекршуваат основното правило: земи половина од медот, а другата половина остави им ја на пчелите.
Honeyland е најнаградуваниот македонски документарен филм, кој на почетокот на 2019-та се закити со 3 главни награди на престижниот фестивал Sundance.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Медена Земја

Стела

По обид за самоубиство на едно десетгодишно дете, кое е жртва на малтретирање во училиште, Стела(шарпланинка) е единствената која може да го спаси и да му ја обнови верата во животот.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Стела

Хомо

Што е тоа човек? „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Хомо