André Rieu - Shall We Dance? (2019)

САБОТА, 21 СЕПТЕМВРИ ВО 19:00 часот!

По распродадениот концерт во Скопје, Андре Риу имате можност да го погледнете на големото филмско платно во Cineplexx

ДЕТАЛИ

Концертот кој е снимен во Мастрихт, неговиот роден град, секоја година привлекува илјадници фанови од сите страни на светот.
Средновековниот плоштад е позадината на незаборавниот концерт исполнет со хумор, забава и емоции за сите возрасти – и секако, прекрасна музика.
Величенствениот валцер бил голема инспирација за Андре низ неговата кариера, што три-четвртинскиот такт на многу начини е ритамот на неговиот живот.

Се надеваме дека ќе уживате во овој магичен концерт – со омилените класици и дополнителни сцени за кино публиката, пристап до бекстејџ зоната, интервјуа со Андре и специјална содржина со неговиот диригент и оркестарот.
Подгответе се да бидете маѓепсани од оваа прослава на танцот на големото платно.

Ќе танцуваме ли?