Протокол за работа на Cineplexx

Согласно одлуката на Владата, киното Cineplexx ќе работи според објавените протоколи.
Замолуваме за почитување на протоколите, да бидеме одговорни спрема себеси и останатите посетители.

ДЕТАЛИ

Задолжително носењето на лична заштитна опрема:


- Задолжително е носењето на лична заштита на лицето на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, согласно член (2) од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/20).


Одржување на физичка дистанца:


- Престојот на публиката на настанот задолжително се регулира со обележани места за седење, поставени на дистанца од 1,5-2 метри, не е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката;


- Задолжително одржување на физичка дистанца од два метри на сите членови на тимовите задолжени за организација;


- Ограничување на капацитетот на посетители:

o Капацитетот на секоја од салите ќе биде макисимум 30%;
o Седењето на посетителите ќе биде со дистанца од 1,5 метар или 2 празни седишта;


Обезбедување честа дезинфекција на рацете:


- Задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;

- Задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, за целото времетраење на настанот.


Редовно чистење и дезинфекција на средината:


- Засилени санитарно-хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.



Поставување на јасно видливи места едукативно-информативен материјал за почитување на општите превентивни мерки, носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно/често дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена




Задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки:



- На влезот во киното;

- Во просторот каде се одржува настанот;


Продажба на билети:


- Пред билетарата да се обележи растојание односно место за чекање од 1,5 до 2 метри;

- Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5 до 2 метри или заштитна бариера;

- Регистрација при купување на билетите (име и презиме, контакт телефонски број).

- Се препорачува и практикува бесконтактно плаќање со картички;