Со 4 клика до билет!
Нема програма за архивираниот настан
Серијата наградувани симулкасти во висока резолуција на Метрополитен Операта започнува со својата 14-та сезона на 12 октомври, со продукцијата на Met на Турандот од Пучини, во која главните улоги ги играат Кристине Герке, која се појавува во насловната улога, предводено од музичкиот режисер на Met Жанет Лерман-Нојбауер, Јаник Незет-Сегуин.
Сезоната 2019-2020 на „Во живо во HD“ ќе има вкупно десет преноси, вклучувајќи тука и пет нови продукции: Met премиерата на спектакуларната опера на Филип Глас од 20-от век, Акнатен, во која Антони Рот Костанцо е во улогата на фараонот а диригент е Кармен Каменсек; Питер Матеи е во насловната улога на Воцек од Берг, во новата изведба организирани од познатиот визуелен уметник и сценски режисер Вилијам Кентриџ и под диригентска палка на Јаник Незет-Сегуин; новата продукција на класичната американска опера од Гершвин, Порги и Бес, последен пат изведена на Met во 1990 година, во која главните улоги се на Ерик Овенс и Ејнџел Блу, режијата е на Џејмс Робинсон а диригент е Девид Робертсон; Met премиерата на Агрипина од Хендл со главни улоги на Џојс ДиДонато и во современа изведба на сер Дејвид МекВикар која ветува комуникација со современата публика; и новата изведба на Летечкиот Холанѓанин од Вагнер во која во насловната улога игра сер Брин Терфел.
Освен Турандот и петте нови продукции, публиката на „Во живо во HD“ ќе има можност да го проследи француското ремек дело на Масенè, Манон; враќањето на визијата на Ентони Мингела за Мадам Батерфлај на Пучини во која Пласидо Доминго го игра Шарплес; Ана Нетребко е во главната улога на Тоска од Пучини; и Дијана Дамрау и Џејми Бартон се двете спротивставени кралици на мери Стуарда, инаку втора опера во триологијата на Дониѕети за Тудорите.
Избрани кино сали исто така ќе овозможат и специјален празничен encore на Магичната флејта, инаку прв пренос „Во живо во HD“ на ова друштво од 2006 година. Верзијата на оваа класична приказна на Моцарт изведена на англиски јазик се карактеризира со победнички состав во кој се присутни Метју Поленѕани како Тамино, Нејтен Ган во улогата на Папагено и Ренè Папè во улогата на Сарастро. Оваа продукција поддржана од Џули Тејмор ќе биде прикажана на 7 декември во САД и Канада, додека датумите за нејзиното меѓународно прикажување се различни.
Во живо од МЕТ во HD е најголем обезбедувач на алтернативни кино содржини на светот, со повеќе од 26 милиони продадени билети од своето основање во 2006 година. Овој серијал овозможува следење на живите изведби на Met во повеќе од 2.200 кино сали и центри за изведбена уметност во повеќе од 70 држави.
Нема програма за архивираниот настан
ПРЕМИЕРА НА MET/ ЗА ПРВПАТ ВО HD
Композитор: Георг Фридрих Хендл
Диригент: Хари Бикет
29 февруари 2020 година во 18:55ч
Времетраење: 250 минути
Нема програма за архивираниот настан
ПРЕМИЕРА НА MET/ ЗА ПРВПАТ ВО HD
Композитор: Филип Глас
Диригент: Карен Каменсек
23 ноември 2019 година во 18:55ч
Времетраење: 240 минути
Нема програма за архивираниот настан
НОВА ПРОДУКЦИЈА / ЗА ПРВПАТ ВО HD
Композитор: Албан Берг
Диригент: Јаник-Незет Сегуин
11 јануари 2020 година во 18:55ч
Времетраење: 120 минути
Нема програма за архивираниот настан
НОВА ПРОДУКЦИЈА / ЗА ПРВПАТ ВО HD
Композитор: Рихард Вагнер
Диригент: Валери Гергиев
14 март 2020 година во 18:55ч
Времетраење: 165 минути
Нема програма за архивираниот настан
Композитор: Џакомо Пучини
Диригент: Пјер Џорџо Моранди
9 ноември 2019 година во 18:55ч
Времетраење: 210 минути
Нема програма за архивираниот настан
Композитор: Жил Маснè
Диригент: Маурицио Бенини
26 октомври 2019 година во 18:55ч
Времетраење: 255 минути
Нема програма за архивираниот настан
Композитор: Гаетано Дониѕети
Диригент: Маурицио Бенини
9 мај 2020 година во 19:55ч
Времетраење: 190 минути
Нема програма за архивираниот настан
НОВА ПРОДУКЦИЈА / ЗА ПРВПАТ ВО HD
Композитор: Гершвинови
Од авторите Џорџ Гершвин, ДуБос и Дороти Хјувард, и Ира Гершвин
Диригент: Дејвид Робертсон
1 февруари 2020 година во 18:55ч
Времетраење: 220 минути
Нема програма за архивираниот настан
Композитор: Џакомо Пучини
Диригент: Јаник Незет-Сегуин
12 октомври 2019 година во 18:55ч
Времетраење: 205 минути
Нема програма за архивираниот настан