ЧПП СЕМЕЕН ФИЛМСКИ КЛУБ

Семеен филмски клуб е кино клуб за деца до 14 години кој на своите членови им нуди голем број предности:
  • Влезниците за членовите на Семејниот филмски клуб изнесуваат само 150* денари
  • БЕСПЛАТНО членство
  • БЕСПЛАТНИ картички за Семејниот филмски клуб (достапни само на благајните)



*Цените не важат во комбинација со другите кино промоции и посебни понуди. За филмови со посебна должина (видете го ценовникот на киното) и дигиталните 3D проекции се додава доплата на стандардната цена во согласност со важечкиот ценовник.
Сите деца до 14 години можат да бидат пријавени како членови на Семејниот Филмски Клуб. Пријавата може да се изврши онлајн на www.cineplexx.mk или директно во кино.

Онлајн: Ве молиме пристапете на подстраницата на Семејниот Филмски Клуб (под изборот „Членство“) и одберете „регистрација“ каде можете да го пополните онлајн формуларот. Овој формулар можете да го испечатите дома, да го понесете со себе и предадете на кино благајните, каде веднаш ќе ви биде креирана вашата картичка.

Пријава во кино: Во нашето кино ќе го најдете пријавниот формулар кој е потребно да го пополните со точните податоци и да го предадете на благајната. Картичката ќе ви биде креирана во истиот момент.
Својата картичка можете да ја превземете директно на кино благајните, во работното време на киното.
Ако сте извршиле онлајн пријава, пополниле потврда и истата сте ја предале на благајните, вашата Семеен Филмски Клуб картичка е активна веднаш по превземањето.

Ако сте се зачлениле во Семејниот Филмски Клуб преку пополнетиот формулар на благајна, вашата картичка ќе биде активна од следниот ден.

Картичката за Семејниот Филмски Клуб важи до 14от роденден на детето. Картичката се издава по исполнување на формуларот за регистрација.
Ве молиме пријавете ја вашата изгубена картичка на нашите вработени на благајните. Со документ за идентификација, бесплатно ќе добиете нова картичка.
Со приложување на картичката од Семејниот Филмски Клуб при вашата посета, на кино благајната остварувате попуст т.е. бесплатни производи.
  • За промената на вашето живеалиште известите ги нашите вработени на благајните
  • Пријавете се со вашето корисничко име и лозинка на страницата www.cineplexx.mk во делот на подесувања горе десно и променете ги вашите податоци под „Мои измени“
  • Или напишете емаил на kino@cineplexx.mk со кој ќе не известите за бројот на вашата картичка и новите податоци