помош


Имате прашања поврзани со киното Cineplexx? Овде ќе ги пронајдете одговорите на најчесто поставуваните прашања кои се однесуваат на регистрација и членство, продажба и резервација на влезници, наши картички и цени.

Што ви нуди оваа интернет презентација?

Едноставен и брз преглед на сите понуди на киното Cineplexx. Покрај тоа нудиме приказ на репертоарот на киното Cineplexx и можност да ве потсетиме за почетокот на прикажување на одреден наслов („Запамти го мојот филм“ кај секој филм од категоријата „Филмови“). На оваа интернет страница можете едноставно да пристапите кон Семејниот Филмски Клуб и Cineplexx Бонус картичката.
Во главното мени на врвот на страницата, можете лесно и брзо да ги резервирате вашите влезници, да добиете информација за филмовите и акциите, за Cineplexx членството и новостите.

Што значи Login? Каде можете да се регистрирате?

Пријавата се наоѓа горе десно на интернет страницата. Тука можете да се регистрирате како член и откако ќе Ви испратиме потврда за успешна регистрација, можете веднаш да се пријавите со Вашата е-маил адреса и лозинка. Регистрацијата е потребна доколку сакате да ги искористите погодностите како што се онлајн резервација на влезници, давање оценка и коментирање на филмовите и учествување во наградни игри. >> Кон регистрација!


Кои предности ми се нудат со регистрација на членство?

Членската регистрација е потребна за да можете да резервирате влезници. Ви нудиме бесплатно членство со многу предности, меѓи кои е правото на учество во наградни игри, неделен билтен со репертоарот на киното. Доколку сакате да ја искористите и нашата услуга „Запамти го мојот филм“, ќе Ви биде прикажан забележаниот филм во делот на членството „Моја филмска препорака“ и ќе добиете e-mail кој ќе Ве потсети на време за почетокот на прикажување на филмот.


Како можам да променам или избришам лични податоци (телефонски број, e-mail адреса)?

Пријавите се со вашите податоци (е-маил адреса и лозинка) како би пристапиле во личниот дел на членството. Во менито „Мој Cineplexx“, во делот членство можете сами да управувате со своите податоци. Доколку повеќе не сакате да бидете член, овде можете да го избришете вашиот кориснички налог.


Што е неделен билтен

Како членови, на неделно ниво можете да добивате бесплатен неделен билтен за репертоарот на Вашето омилено кино, како и информации за настаните и акциите. На неделниот билтен можете да се пријавите преку „Мој Cineplexx“ во делот „Услуга-билтен“ и на ист начин можете да го одјавите. Најпрво е потребно да се пријавите на полето „Пријавување“ со е-маил адреса и лозинка. Специјален неделен билтен се испраќа исклучиво за одредени филмови или настани. Истото се однесува и на СМС известувањата за почетокот на прикажување на одреден филм или посебни настани во нашето кино. Пријава и одјава на оваа услуга е можна под опцијата „Мој Cineplexx.mk“ .


Како можам да дознаам дали сум освои/ла некој од Cineplexx подароците?

Добитниците, информациите за подароци ги добиваат по пат на e-mail известувања за превземање на награда, а во одредени случаи истите се контатираат и по пат на телефон. Наградите исклучиво се превземаат лично во киното Cineplexx.

За кој временски период кино репертоарот се прикажува online?

Кино репертоарот се поставува online помеѓу вторник и среда попладне за целата кино недела (од четврток до среда). Од тој момент можна е online резервација и продажба на влезници на благајната на киното.


Што значат обележувањата во боја пред филмот и во рамки на кино програмата?

Поради полесна online ориентација на посетителите пред секоја временска најава за почетокот на прикажување на филмот, прикажана е сликичка во боја која прикажува дали е сеуште возможна резервација на влезници за посакуваната проекција, или дали е возможно купувањето.


Каде можам да најдам на рејтингот на филмови?

Дали филмот е прилагоден за различни возрасти можете да проверите на нашата интернет страница во деталниот преглед на посакуваниот филм. Ве молиме да имате предвид дека старосната граница за филмот може да биде одредена пред датумот на пуштање на филмот.


Дали можам да ја добивам кино програмата по електронска пошта?

Кино програмата се испраќа неделно до сите членови. Испораката е бесплатна, а можете да се регистрирате преку нашата интернет страница. Веднаш после најавата, на членовите на насловна страница им се прикажува кино програмата. Таа услуга овозможува брз пристап до податоци за филмот како и датум на прикажување на филмот.

Како можам да купам или резервирам карти on-line?

Резерација на билети преку интернет може да се направи на неколку начини. Најлесен начин е преку менито „Брза резервација“ кое се наоѓа во хоризонталното мени на главната страница, каде што можете лесно да го изберете саканиот филм, датум и време, и веднаш ќе бидете пренасочени на процесот на резервација. Вториот начин е преку минито "Филмови". Користејќи ги филтрите одредете го вашиот избор на филм и со кликнување на иконата со кино билети ќе бидат пренасочени кон процесот на резервација за вашиот билет. Интернет купување за сега можно доколку сте корисник на Cineplexx Бонус картичка и веќе имате поставено средства (пари) на неа. Како дел од процесот на резервација (без оглед на тоа дали сте го направиле преку „Брза резервација“ или "Филмови"), потребно е да го изберете бројот и положбата на седиштето и да ја потврдите резервацијата на картите. Ве молиме имајте предвид дека за време на процесот на резервација мора да бидете регистрирани..


Можно ли е да се резервираат билети преку електронска порака?

Не. Резервација на билети не е можна преку електронска порака бидејќи електронската порака не е директно проследена кон Cineplexx резервациите. Билетите можете да ги резервирате преку интернет или со јавување на телефонскиот број од посакуваното кино.


Како можам да ги вратам кино билетите?

Враќање на купените кино билети не е можно! Само резервираните кино билети можат да се поништат. Сторнирањето е можно со клик на „Мои билети“ во делот за членови (претходно морадете да бидете најавени). Пристапете до делот за резервирани билети. Бришењето на резервација е можна доколку кликнете на „Бриши“. Ќесе појави ново прозорче каде што со кликнување на копчето „Избриши ја резервацијата„ го потврдувате бришењето на постоечките резервации.


Како да купам кино билети по поволна цена?

Издавање на кино билети по поволна цена е можно само на благајните во киното. Попустот на благајна можете да го добиете само со приложување на документ со чија помош добивате попуст (книшка за ученици, индекс за студенти, Cineplexx Семеен Филмски Клуб картичка)."


Како можам да ја променам електронската пошта за резервација преку интернет?

По секоја интернет резервација на кино билети, добивате потврда за регистрација на вашата електронска пошта која ја имате наведено при регистрацијата. Електронската пошта може да се промени во делот на Вашиот профил „Мој Cineplexx“.


Што да направам доколку интернет резервирањето не фукнционира?

Во посебни случаеви, може да настанат техниччи проблеми (преоптеретување на системот во време кога се вчитува новата кино програма). Доколку дојде до несакан прекин при резервација на кино билети, Ве молиме повторно да го повторите процесот по 15 минути. Доколку повторно се појавува несаканиот прболем и по вашата резервација не добиете потврда за резервација по електронска порака, тогаш Ве молиме да пристапите во контакт со централаа на киното.


Зошто максималниот број на влезници е ограничен на 6?

На овој начин сакаме да ги избегнеме можностите да некој ја злоупотреби можноста на интернет резервација на тој начин што ќе ја резервира целата сала при што се одзема можност на други посетители кои што сакаат да гледат филм да резервираат карта.

Каде можам да ја најдам цената на кино картите?

Цената на кино картите можете да ги погледнете на следниов линк .


Дали можам да добијам попуст на кино билетите?

Да. Во кино, цената на картата е различна за секој ден. Во текот на неделата можете да добиете попуст со студентски индекс или со Семеен Филмски Клуб картичка. Цените со попуст се наведени во ценивникот на киното кој, истотака, е достапен и на интернет. Ценовникот не се однесува на настани со посебни цени (Ladies Night, Men's Night, специјални преноси...).


До која возраст децата добиваат попуст на цената

Со понудата на Семеен Филмски Клуб, нудиме попусут на деца до 14 години и тоа по цена од 150,00 денари за 2D и 240,00 денари за 3Д проекции. Повеќе за тоа можете да дознаете во рубриката Семеен Филмски Клуб.

која предност ја нуди Семеен Филмски Клуб?

Сите деца помлади од 14 години можат да станат членови на Семејниот филмски Клуб и да го посетат киното по поволни цени. При секоја посета, нудиме роденденски пакет. Во Cineplexx киното можете да организирате роденденски прослави по посебни услови. Семејниот филмски клуб редовно ќе ви испраќа електронски билтен за сите детски филмови како и сите погодности на киното. Дополнителни информации можете да пронајдете во категоријата Семеен филмски Клуб.


Како можеме да се зачлениме во семејниот филмски клуб?

Директно преку нашата интернет страница во категоријата Семеен Филмски Клуб, или преку формулар кој што можете да го добиете на благајна во кино. Пополнете го формуларот и предајте го на благајната. Вашата СФК картичка ќе ја добиете по извршената регистрација директно на кино благајната.


Како да го прославиме роденденот во кино?

Нашиот роденденски пакет вклучува еден филм од репертоарот. Роденденскиот пакет може да се искористи во период од 7 дена пред и по роденденот. Славеникот добива гратис влезница, а сите додатни информации и цени можете да ги пронајдете на нашата интернет странциа под Семеен филмски клуб категорија.

Кое е работното време на киното?

Работното време на киното зависи од почетокот на првата проекција. На кратко, благајната се отвора пола саат пред почетокот на првата проекција, што значи, во текот на неделата од 14:30 часот, за време на викенд од 10:00 часот. Кино благајните се отворени до 15 минути по започнувањето на последната проекција


Каде можам да го пронајдам деталниот план на седишта во избраната сала?

Во категоријата детали за киното или директно во одделот за кино билети веднаш под проекции


Може ли да се врши плаќање со кредитна картичка?

Да, само на кино благајните.


Кому да се обратам доколку сум заборавил или изгубил работи во киното?

Ве молиме слободно да се обратите на било кој од вработените во киното. во поголем дел од случаевите, пронајдените работи се чуваат одредено време кај благајните. Надвор од работното време можете да ни испратите електронска пошта на Cinplexx.Skopje@cineplexx.mk

На кого да се обратам доколку сакам да се вработам во кино? Сите слободни работни позиции во нашето кино се достапни во категоријата „Станете дел од тимот'. Директно можете да стапите во контакт со раководителот на киното. Телефонскиот број можете да го пронајдете во категоријата за детални информации на киното.


Каде можам да го најдам ценовникот за храна и пајалоци?

Ценовникот за храна и пијалоци можете да го пронајдете на нашата интернет страница во деталните информации за киното или директно во кино на благајната за храна и пијалок.