Ревија на македонски филмови

Седумдневна филмска програма со наслов „Ревија на македонски филм“, ќе се одржи од 13-ти до 19-ти септември во Синеплекс.

ДЕТАЛИ

Филмската ревија ги содржи речиси сите долгометражни филмови издадени во периодот од 2001-ва до 2018та година и неколку краткометражни издадени во текот на овие години.
Оваа ревија е прва од ваков карактер на репертоарот на киното Синеплекс и цената на билетот за секоја проекција ќе изнесува 100 денари.
Како дел од репертоарот, скопската публика ќе може повторно, или за прв пат, да ги види големите филмови како Прашина, Мајки, До Балчак, Исцелител, Година на Мајмунот, Трето Полувреме и други.
Целосната програма може да ја најдете од понеделник(10.09) на веб страната на Cineplexx

Нема програма за архивираниот настан

Балканот не е мртов

На почетокот на неговата воена кариера, Мустафа Кемал (Ертан Шабан), подоцна познат како Кемал Ататурк, се вљубува во Елени (Наташа Тапушковиќ), девојка од Монастири.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Балканот не е мртов

До балчак

Македонија е мала земја во срцето на Балканот, која петстотини години била под отоманско ропство. Дејствието на филмот „До балчак„ се одвива во годините на општ колапс и „слободен пад„ по крваво задушеното македонско востание од 1903.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

До балчак

Три дена во септември

Бегајќи од своето минато, Марика ја запознава Јана, која патува кон куќата од нејзиното детство, сместена во изолиран планински крај.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Три дена во септември

Џган

Низа од свирепи околности претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, што им нанел само болка и страдање. Светот во кој за нив, постои само едно, заедничко име – ЏГАН.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Џган

Ослободување на Скопје

Втора Светска Војна. Низ очите на 11 годишниот Зоран ги гледаме страдањата и хоророт на луѓето кои поминуваат низ војната. Додека неговиот татко е партизан кој се бори против германците, неговата мајка, Лица, започнува љубовна афера со германски офицер.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Ослободување на Скопје

Avec l'amour

Дионис не е само обичен наставник по биологија пред пензионирање. Тој има пасија, има сон. Наместо жена му, навечер друштво му прават над сто стари автомобили!

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Avec l'amour

Исцелител

Механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала кои во него гледаат нова надеж, исцелител.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Исцелител

Копање

Гораст и Ивица се другари од детство кои 16 години не комуницираат. Секој има своја причина зошто не комуницирале толку години но никогаш не ја споделиле меѓу себе.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Копање

Година на мајмунот

Двата главни протагонисти на оваа црна комедија се Цобе, сиромашен чувар во Зоолошката градина во Скопје и шимпанзото Коко, жител на истата градина. Едноставната приказна се плетка околу бегањето на Коко „од ропство во слобода„.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Година на мајмунот

Скопје Ремикс

Скопје Ремикс” (2012) е игран филм, во продукција на „Ново Македонско Видео”.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Скопје Ремикс

Бикини Мун

Новиот филм на Манчевски е за Бикини, харизматична, темпераментна и неспокојна поранешна жена-маринец, која се враќа од Ирак и ненамерно станува центар на документарен филм, додека се обидува одново да се интегрира во општеството и да си го поврати старателството врз малата ќерка.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Бикини Мун

Соба со пијано

Режисер на филмот „Соба со пијано“ е Игор Иванов Изи, додека сценариото е дело на Жанина Мирчевска и Игор Иванов Изи. Кинематограф и продуцент на филмот е Томи Салковски, а музиката е дело на пијанистот и композитор Чили Гонзалез. Главните улоги во филмот ги играат: Наташа Петровиќ како собарката, Васил Зафирчев како бизнисменот и како Ира, Ива Крајнц како Ева, Тортсен Вогеш како Виктор, Невена Ристиќ како Нина, Јагода Кумриќ како Гога, Дениз Абдула како Азиз, Фирдаус Неби како Илмаз, Светозар Цветковиќ како пијанистот, Игор Стојчевски како Петар и Симона Спировска како Марта.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Соба со пијано

Прашина

"Прашина" раскажува две приказни истовремено и во заднината прави скокови од почетокот на 20 век до американскиот современ културен момент.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Прашина

Трето полувреме

Филмот е инспириран од вистинските случки во Македонија за време на бугарската окупација во Втората светска војна. Главните улоги во филмот ги играат: Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апастоловски, Мето Јовановски, Тони Михајловски итн. Сценариото е дело на Гргур Струјиќ, а музиката за филмот ја компонирал Кирил Џајковски.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Трето полувреме

Сенки

Успешен млад доктор, Лазар Перков, оженет за прекрасна жена со која има дете. Тој има сè – дури и неговите пријатели и роднини го нарекуваат „Лаки“.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Сенки

Мајки

Филмот е своевиден триптих, во чиј состав влегуваат три различни и една од друга сосема независни приказни.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Мајки

Панкот не е мртов

Мирса (го игра Симонов) е остарен панкер кој се бори за секојдневниот живот во Скопје.

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

Панкот не е мртов