Со 4 клика до билет!
Композитор: Винченцо Белини
Диригент: Карло Рици
Сабота, 7. октомври 2017 год. во 18:55ч
Времетраење: 184 минути
Нова продукција
Сезоната ја отвораме со новата продукција на bel canto трагедијата на Белини, Норма, со Сондра Радвановски во главната улога, која веќе има забележителни настапи за МЕТ во истата улога во 2013 година, како и во Канадската опера, Операта од Сан Франциско, Државната опера на Баварија, Гран Театре Дел Лицеу и Лирската опера од Чикаго — со што таа е еден од светските интерпретатори на овој незаборавен оперски лик. Џојс ДиДонато ја има улогата на колешка и соперничка на Норма, Алдагиза, а тука се и Џозеф Каљеха како Полионе и Метју Роуз како Оровезо. Диригент е Карло Рици а сер Дејвид МекВикар е режисер на новата продукција.