Јавачи на коњи

Рејтинг

Ѕвезди

ѕвезди,

Никој нема дадено коментар за филмот.
Бидете први!

Јавачи на коњи

Приказната го следи животот на двајца бездомници кои живеат под еден запуштен мост. Мапет е хендикепиран, а Алек се грижи за него опсесивно. Деновите им минуваат еднолично додека не се појави Сара, уличарка која западнала во неволја. Тие криејќи ја кај нив стануваат како семејство. Еден ден Алек наоѓа стара запуштена куќа и се преселуваат во неа. Но имаат нов проблем, Мапет снемува од неговите лекарства. Бидејќи немаат пари да ги купат, Сара оди да краде и никогаш не се враќа. А Мапет умира пред очите на Алек.

Оригинален наслов: Јавачи на коњи
Почеток на филмот: 18.05.2017
Траење на филмот: 94 Минути
Земја / година: MKD/2017
Жанр: Драма
Глумци: Никола Кузелов, Бобан Кулески, Долорес Поповиќ
Режија: Марјан Гавриловски
Дистрибутер: Номад АРТ
Возрасна Категорија: (16)

Достапна технологија

  • Дигитал 2D

Содржина

Алек и Мапет се двајца бездомници кои живеат под еден запустен мост. Мапет е хендикепиран и има посебни потреби, а Алек се грижи за него на чуден и опсесивен начин. Му дава храна и вода како на мало детенце, а кога заминува да пита или да шета низ градот го заклучува Мапет за една шипка под мостот убедувајќи го дека е херој и дека ако ја потегне шипката може да го сруши целиот свет. Деновите им минуваат еднолично се додека еден ден кај нив не дотрчува мистериозна девојка која пробува да се сокрие од некого. Таа почнува да поминува секој ден од кај нив се додека не му даде предлог на Алек дека ќе им носи храна секој ден ако и дозволи да остане со нив. Алек немајќи друг избор, бидејќи храната им е неопходна, особено за Мапет кој е болен се согласува со тоа. Тие тројца продолжуваат да живеат заедно и стануваат како семејство. Помеѓу Алек и Сара се развива посебен платонски однос, а Мапет е среќен како никогаш претходно. Еден ден одат да ловат риба, а Алек шетајќи наоколу наоѓа стара и запуштена куќа. Малото семејство решава да се пресели таму. Ја уредуваат куќата и почнуваат нов живот на поубаво место. Алек конечно прекинува да го заклучува Мапет бидејќи му се губи стравот дека ќе остане сам. Но болеста почнува да го напаѓа Мапет, а тие немаат лекарства. Од тој момент се трга наопаку и ги носи тројцата херои кон трагичен крај.

Сите времиња за почеток

Нема проекции за избраното.
Купете онлајн, Резервација Купете онлајн, Нема резервација Купување само на лице место Не може да се резервира

Оцена

Тука може да ја оставите Вашата лична оценка за филмот.

За да ја користите оваа функција мора да се пријавите.Доколку се немате регистрирано, регистрирајте се тука.