Со 4 клика до билет!
Композитор: Волфганг Амадеус Моцарт
Сабота, 22.октомври 2016год. во 18:55ч
Времетраење: 225 минути
Сајмон Кинлисајд дебитира во МЕТ како заводникот Дон Џовани во Моцартовото ремек – дело чија режија се препишува на добитникот на Тони наградата, Мајкл Грандаж. Главниот диригент на Метрополитен Фабио Луизи ја предводи екипата составена од Хибла Герзмава како Дона Ана, Малин Бистром како Дона Елвира, Серена Малфи во улога на Зерлина, Алан Плачетка е Лепорело, Метју Роуз во улога на Масета, Квангчул Јон како Комендаторе и дебитантот Роландо Вилазон кој ја пее улогата на Дон Отавиа.