Со 4 клика до билет!
Филм кој е базиран на популарниот роман на Вероника Рох, трилер со напнати одлуки, мелодраматични предавства, неочекувани последици и необична љубовна приказна.
Дејствието е сместено во иднината, каде што светот е поделен во фракции според личните карактеристики на луѓето. Беатрис „Трис“ Прејор живее во Чикаго, град кој што се распаѓа. Градот е поделен на пет фракции, во согласност со верувањата и страстите. Но, Трис се соочува со своите најдлабоки стравови кога ќе открие дека е различна и дека според тоа е мета на опасни лидери. Паралелно, се впушта во романтична и насилна врска со инструкторот, а приказната се претвора во непредвидлива и неизбежна авантура.