Пепелашка

Рејтинг

Ѕвезди

ѕвезди,

Никој нема дадено коментар за филмот.
Бидете први!

Пепелашка

Поинакво доживување на приказната за посвоената ќерка која работи како куќна помошничка и го освојува срцето на принцот.

Оригинален наслов: Cinderella
Почеток на филмот: 12.03.2015
Траење на филмот: 115 Минути
Земја / година: USA/2015
Жанр: Фантазија, Романтичен / љубовен
Глумци: Lily James, Richard Madden, Cate Blanchett, Helena Bonham, Carter, Derek Jacobi, Stellan Skarsgård
Режија: Kenneth Branagh
Дистрибутер: 2i Film
Возрасна Категорија: (6)

Достапна технологија

  • Дигитал 2D

Содржина

Приказната на "Пепелашка" ја следи судбината на младaтa Ела чиј татко-трговец се преженува по трагичната смрт на нејзината мајка. Со желба да го поддржи нејзиниот грижлив татко, Ела ја прифаќа својата нова маќеа, г-ѓа Тремејн, и нејзините ќерки Анастасија и Дризела во семејниот дом. Но, кога таткото на Ела одеднаш и неочекувано починува, таа се наоѓа на милост и немилост на љубоморното и сурово ново семејство. Осудена да биде слугинка, покриена во пепел и преименувана во Пепелашка, Ела лесно почнува да губи надеж. Сепак, и покрај суровоста нанесена врз неа, Ела е решена да оддаде почит на последните зборови на мајка си "да биде храбра и да биде љубезна". Таа нема да очајува ниту пак ќе ги презира оние кои ја злоупотребуваат. Потоа, во шумата таа ќе се запознае со еден странец. Незнаејќи дека тој е принц, таа чувствува дека ја запознала својата сродна душа. По се изгледа, среќата како да и се промени кога кралскиот дворец испраќа отворена покана за сите девојки да присуствуваат на кралскиот бал, со што се зголемувааат надежите дека Ела повторно ќе наиде на шармантниот принц. За жал, нејзината маќеа и забранува да присуствува распарувајќи го нејзиниот фустан. Но, како и во сите добри приказни, на помош се појавува една љубезна питачка, носејќи со себе тиква и неколку глувци, која ќе го промени животот на Пепелашка засекогаш.

Сите времиња за почеток

Нема проекции за избраното.
Купете онлајн, Резервација Купете онлајн, Нема резервација Купување само на лице место Не може да се резервира

Оцена

Тука може да ја оставите Вашата лична оценка за филмот.

За да ја користите оваа функција мора да се пријавите.Доколку се немате регистрирано, регистрирајте се тука.