Со 4 клика до билет!
Композитор: Камил Сен-Саен
Диригент: сер Марк Елдер
20 октомври 2018 година во 18:55ч
Времетраење: 210 минути
Нова продукција
Главните улоги во библиското епско дело на Сен-Саен, Самсон и Далила, ги толкуваат Елина Гаранча и Роберто Алања; овој пар за последен пат настапувал пред HD публиката во 2010 година, во преносот на Кармен од Бизè. Лорен Нури настапува во улогата на високиот свештеник, заедно со Елчин Азизов како Абимелех, кралот на Филистина, и Дмитриј Белоселскиј како стариот Евреин. Дарко Трешњак, инаку добитник на режисерската награда „Tony“ за остварувањето Водич за љубов и убиство за џентлемени дебитира на Met како режисер на првата нова продукција на опери на Met во 20 години. Диригент е сер Марк Елдер.