Со 4 клика до билет!
НОВА ПРОДУКЦИЈА / ЗА ПРВПАТ ВО HD
Композитор: Гершвинови
Од авторите Џорџ Гершвин, ДуБос и Дороти Хјувард, и Ира Гершвин
Диригент: Дејвид Робертсон
1 февруари 2020 година во 18:55ч
Времетраење: 220 минути
Порг и Бес на Гершвинови повторно се враќа на Met, и тоа за првпат по 1990 година, во нова продукција во режија на Џејмс Робинсон кој го има своето деби. Американската „фолк опера“, како што ја имаат опишано нејзините создатели во 1935 година, ја раскажува приказната за питачот Порги, кој е лице со инвалидитет а која е отпеана од Ерик Овенс, и за неговата љубов кон Бес која е зависна од дроги а која ја глуми Ејнџел Блу. Дејвид Робертсон диригира со ѕвездена постава која исто така ги вклучува и Донован Синглтери како рибарот Џејк, Голда Шулц како неговата сопруга Клара, Латонија Мур како вдовицата Серена, Фредерик Балентајн како дилерот на дрога Спортин Лајф, Алфред Вокер како бруталниот крајбрежен работник Краун, и Денис Грејвс како Мариа, матријарх на градот и оператор на локалната продавница. Набиена со безвременски мелодии од саканите класици “Summertime”, “It Ain’t Necessarily So”, “Bess, You Is My Woman Now”, “I Got Plenty o’ Nuttin”, and “My Man’s Gone Now", новата ко-продукција со Англиската Национална Опера и Холандската Национална Опера беше поздравена како триумф на нејзината премиера во Лондон на почетокот од оваа година.