Диви и среќни

Рејтинг

Ѕвезди

ѕвезди,

Никој нема дадено коментар за филмот.
Бидете први!

Диви и среќни

Боријана (Јана Маринова) и Мила (Луиза Григорова-Макариев) се другарки од детство со диви срца и големи соништа. Но животот излегува поинаку од нивните очекувања и двете почнаа да работат нешто што не им се допаѓа.

Оригинален наслов: Wildlings
Почеток на филмот: 13.02.2020
Траење на филмот: 135 Минути
Земја / година: BGR/2019
Жанр: Драма, Комедија
Глумци: Јана Маринова,Луиза Грирогова-Макариев,Александар Сано
Режија: Мартин Макaриев
Возрасна Категорија: (12)

Достапна технологија

  • Дигитал 2D

Содржина

Младата Боријана сонува да стане шампион во мотоцикли, наместо тоа е разочарана разведена жена која се занимава со чистење домови. Мила сака да биде писателка, но пишува само мејлови и летоци во кол-центарот каде што работи. Сѐ се менува кога Боријана повторно се вљубува. Спремна е да стори сѐ за љубениот. Заради него краде 30.000 лева од сефот на едно богато семејство за кое работи. Поентата е да ги врати парите пред да забележат дека ги нема. Ова поттикнува лавина од брзоплети одлуки и непредвидливи постапки. Боријана „случајно“ ги киднапира Мартин (Базил Ајденбенц) синот на богатото семејство и ја вовлекува најдобрата другарка Мила (Луиза Григорова-Макариев) во целата ситуација. Двете импулсивни жени се наоѓаат на пат за Варна со украдени пари, киднапиран маж на задното седиште и полиција зад пети. Инспектор Донев (Александар Сано) е кошмар за сите криминалци и е одлучен да ги фати двете „домаќинки“ како што ги нарекува, но Боријана и Мила се покреативни кога треба да спасат глава. Предизвиците со кои се соочуваат ги зближуваат уште повеќе и сфаќаат што, всушност, значи вистинското пријателство. Конечно откриваат дека среќата е прашање на избор и дека треба да се борат за своите соништа ако сакаат да станат тоа што отсекогаш сакале. Многу хумор, бесна акција и добра музика компонирана специјално за филмот, силно пријателство и вистинка љубов. „Диви и среќни“ е сето тоа.

Сите времиња за почеток

Нема проекции за избраното.
Купете онлајн, Резервација Купете онлајн, Нема резервација Купување само на лице место Не може да се резервира

Оцена

Тука може да ја оставите Вашата лична оценка за филмот.

За да ја користите оваа функција мора да се пријавите.Доколку се немате регистрирано, регистрирајте се тука.