Со 4 клика до билет!
На филмските платна се враќаат Астерикс и Обеликс - двата најголеми стрип јунаци кои го носат препознатливиот хумор во кој ќе уживаат и децата и возрасните.
Оригинален наслов: | Astérix: Le secret de la potion magique |
Почеток на филмот: | 20.12.2018 |
Земја / година: | FRA/2018 |
Жанр: | Анимиран / цртан |
Глумци: | Christian Clavier, Guillaume Briat, Alex Lutz |
Режија: | Alexandre Astier, Louis Clichy |
Дистрибутер: | Blitz Film and Video Distribution |
Возрасна Категорија: |
Тајната на волшебниот напиток е новата филмска адаптација за авантурите на непобедливите јунаци кои пред големото платно го носат целото семејство. Друид Панорамикс одлучува дека е време да се обезбеди иднината на селото. Придружуван од Астерикс и Обеликс, тој започнува да патува низ светот на Галите во потрага по талентиран млад друид за да ја пренесе тајната на волшебниот напиток.