Со 4 клика до билет!
Constantin Film-Holding е основан во 1951 година, во Австрија, како компанија за дистрибуција на филмови. Во доцните 1960ти беше создадена втората база, која значеше почеток на развојот на кино индустријата во Австрија. Во 1990-те во овој сегмент беа отворени 25 традиционални кина и кино центри.
Cineplexx International е основан во 2009 година, кога започна ширењето на Cineplexx надвор од границите на Австрија. Првото такво кино е отворено во Болцано во јужна Тирол/Италија.
Во текот на 2011 и 2012 година компанијата доживува рапидна експанзија на Балканот, отворајќи голем број на кина во Србија, Црна Гора, Хрватска и Македонија.
По Македонија следеше освојување на пазарот во Словенија кадешто беа отворени пет мултиплекс кина во мај 2013 година и уште неколку кина во следните месеци во Србија и Словенија. Како дел од својот развој во регионот, Cineplexx го отвори првото мултиплекс кино во Тирана, Албанија, во декември 2013. Последното проширување е во Ноември 2016 во Приштина. Во моментов Cineplexx има силно присуство на пазарот со вкупно шест традиционални кино сали како и 40 мултиплекс локации во Австрија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Македонија, Албанија, Италија, Косово и Грција, каде има вкупно 291 кино сали. Во 2015 година, вкупниот број на вработени достигна 1.300, а компанијата оствари промет од 125 милион евра. Бројката на посетители за истата година достигна 12 милиони.
Портрет
Погледнете ги моменталните прес соопштенија: