Портрет

„Cineplexx“ киното со својата најсовремена дигитална опрема овозможуваат исклучително уживање во филмските остварувања преку својот висок квалитет на слика, звук и 3D технологија во салите во Скопје.

Cineplexxе австриска кино групација со преку четири децении искуство во оваа област.

Constantin Film-Holding е основан во 1951 година, во Австрија, како компанија за дистрибуција на филмови. Во доцните 1960ти беше создадена втората база, која значеше почеток на развојот на кино индустријата во Австрија. Во 1990те во овој сегмент беа отворени 25 традиционални кина и кино центри.

Потоа, во 1993 година следуваше пресврт. Основан е Cineplexx, дел од компанијата Constantin Film-Holding. Во тоа време во Австрија се затворени голем број на традиционални кина, поради влезот на мултиплекс кината на пазарот на филмска индустрија. Constantin Film реагираше на промените и во Австрија е основана група од 20 кина, со 157 филмски платна. Покрај тие, дел од групацијата се и традиционалните кина со вкупен број од 16 кино сали.

Cineplexx International е основан во 2009 година, кога започна ширењето на Cineplexx надвор од границите на Австрија. Првото такво кино е отворено во Болцано во јужна Тирол/Италија.

Во текот на 2011 и 2012 година компанијата доживува рапидна експанзија на Балканот, отворајќи голем број на кина во Србија, Црна Гора, Хрватска и Македонија.

На големото отворање во трговскиот центар Скопје Сити Мол на 22 ноември 2012 година, прикажана беше последната авантура на Џејмс Бонд, „Скајфол“ и 3D сензацијата на режисерот Анг Ли „Животот на Пи“, со кои што Cineplexx ја збогати културната и забавна програма на главниот град на Македонија.

По Македонија следеше освојување на пазарот во Словенија кадешто беа отворени пет мултиплекс кина во мај 2013 година и уште неколку кина во следните месеци во Србија и Словенија. Како дел од својот развој во регионот, Cineplexx го отвори првото мултиплекс кино во Тирана, Албанија, во декември 2013. Последното проширување е во Ноември 2016 во Приштина.

Денес Cineplexx има силно присуство на пазарот со вкупно 40 мултиплекс локации и 6 традиционални кина во Австрија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Македонија, Албанија, Италија, Косово и Грција, каде има 291 кино сали со над 64.000 седишта. Во 2015 година, вкупниот број на вработени достигна 1.300, а компанијата оствари промет од 125 милион евра. Бројката на посетители за истата година достигна 12 милиони.