CINEPLEXX БОНУС КАРТИЧКА


Добијте повеќе од вашите посети на киното! За секоj 1 денар кој ќе гo потрошите на кино-благајната за храна или кога купувате карти, ќе добиете еден бонус поен. Можете да ги замените вашите бонус поени за примамливи награди. Кога ќе надополните 1.000 ден. на Вашата бонус картичка, ќе добиете до 12% попуст на вашите билети за кино!



ВАШИ ПРИДОБИВКИ


  • Еден бонус поен за секој 1 денар*
  • Привлечни награди за вашите поени >> преглед на награди
  • Подигнување на билетите до 10 минути пред старт на филмот (обично е 30 минути)
  • Проверка на вашите бонус поени онлајн

* Дневно може да се соберат најмногу 1000 бонус поени за кино влезници, додека на благајната за храна и пијалоци најмногу до 3000 бонус поени.
** Дневно, може да се купат до две влезници онлајн.


НАДОПОЛНЕТЕ ПАРИ И ЗАШТЕДЕТЕ ДО 12%


Доколку ја надополните Вашата Cineplexx Бонус Картичка со 1.000 денари на кино благајната ќе добиете дури и повеќе поволности:

  • Подигнување на билетите до 10 минути пред старт на филмот (обично е 30 минути)
  • Попуст на кино билетите*

понеделник,среда и четврток 2D 230 ден.
понеделник, среда и четврток 3D 300 ден.
петок - недела, празници 2D 260 ден.
петок - недела, празници 3D 330 ден.

* Намалените цени не важат за специјални проекции. За филмови кои што надминуваат 120 минути и претпремиерите ќе бидат наплатени дополнително според ценовникот на киното.



ДАЛИ САКАШ ПОВЕЌЕ?
CINEPLEXX BLACK БОНУС КАРТИЧКА


Ќе добиете BLACK статус* за најмалку една година, доколку купите 30 или повеќе билети во годината. Дополнително на поволностите од обичната Cineplexx Бонус Картичка ќе добиете и:

  • Еден бесплатен билет за вашето обновување на статусот
  • 10% попуст на благајната за храна и пијалоци
  • Бесплатен билет како роденденски подарок
  • Ексклузивна прошетка низ киното за вас и вашиот придружник
  • Покани за премиери и посебни настани



* Дневно, може да се соберат до 2 влезници за Black статус.




ЧПП ЗА CINEPLEXX БОНУС КАРТИЧКАТА

Регистрирајте се на нашата веб страна бесплатно (до регистрација) Ќе добиете електронска порака која ќе вклучува код, кој мора да го покажете на кино благајната на Вашето кино. Вработениот на кино-благајната ќе ви ја даде вашата персонализирана Cineplexx Бонус Картичка.

Веќе сте член? Тогаш не треба повторно да се регистрирате. Едноставно одете на кино-благајната и ќе ја добиете картичката, кажувајќи му го на вработениот датумот на раѓање и вашата електронска пошта.
Можете да ја надополните вашата Cineplexx Бонус Картичка со 1.000, 2.000 или 3.000 денари на кино благајните во текот на работното време.
Можете да ги искористите вашите бонус поени директно на кино благајните за добивање на вредни награди. Може да го најдете прегледот на тековните понудени награди ОВДЕ!
Можете да ги проверите вашите бонус поени преку интернет страната, кога сте најавени. Кликнете на вашето име во десниот горен агол на веб страната за да дојдете до вашите лични подесувања. Потоа кликнете на копчето "Бонус картичка" за да проверите колку бонус поени веќе сте собрале. Исто така можете да ги проверите вашите бонус поени на вашата Cineplexx апликација.

Можете да ги проверите вашите бонус поени во вашиот личен билтен, на вашите билети или на вашите онлајн резервации, како и на вашата потврда за резервација.
Вашиот кредит на Cineplexx Бонус Картичката ќе важи од денот на издавањето, па во следните 18 месеци. По истекот на 18те месеци, оние попусти кои се поврзани со Cineplexx Бонус Картичката нема да бидат повеќе достапни. Останатиот кредит нема да му биде исплатен на оној кој ја поседува картичката, но таа може да се користи за безготовинско (но не и намалено) купување на кино билети во следните 60 месеци. По истекот на тие 5 години, кредитот неповратно ќе биде загубен.

Бонус поените собрани со Cineplexx Бонус Картичката може да се заменат за награди во рок од 18 месеци од датумот на стекнување. По истекот на 18те месеци, поените ќе истечат, но сепак, оние поени кои не се постари од 18 месеци, ќе биде сеуште валидни и ќе може да бидат заменети додека не истечат истите.

Кредитот или бонус поените не може да бидат парично надоместени. Исто така, тие не може да бидат пренесени на Cineplexx Бонус Картичката на друг корисник.
Доколку купите повеќе од 30 карти во една календарска година со вашата Cineplexx Бонус Картичка, ќе добиете „Black“ ВИП статус за остатокот од годината како и наредната година. Ова значи, доколку купите 30 билети до август, тогаш ќе ја добиете Cineplexx Black Бонус Картичка од тој датум до крај на годината и цела следна година до 31.12. Ќе бидете информирани за надградба на статусот по електронска пошта и тогаш ќе можете да ја замените вашата Cineplexx Бонус Картичка за BLACK Бонус Картичка на кино благајните.
  • Кога ќе се дојде до “BLACK“ статус, автоматски се резервира бесплатен билет на вашата картичка
  • Ќе добиете 10% намалување на храната, доколку платите со Cineplexx BLACK бонус картичка (картичката мора да има средства на неа)
  • Како роденденски подарок ќе добиете еден бесплатен билет, кој што ќе треба да го искористите во наредните 6 дена од датумот на Вашиот роденден.
  • Ќе имате можност да добиете организирана тура низ Вашето омилено кино. Ќе можете да го изберете датумот, кој што ќе го добиете по електронска порака, откако ќе стекнете ВИП статус. Може да земете со Вас едно лице за придружба на организираната тура.
  • Од време на време ќе добивате покани за специјални настани и премиери. Повеќе информации ќе добиете преку билтенот.
Ве молиме да не информирате доколку ја изгубите или оштетите Cineplexx бонус картичката, или директно во нашето кино или по електронска пошта на bonuscard@cineplexx.mk. Ве молиме да ни го кажете бројот на картичката. Поради ова, бројот на картичката треба да го чувате одделно од бонус картичката. При губење на Cineplexx Бонус Картичката, сопственикот ќе добие нова Cineplexx Бонус Картичка, откако: ќе го прикаже бројот на картичката, ќе го потврди неговиот идентитет и кога ќе достави информација за тоа кога има поднесено барање во пишана форма за блокирање на изгубената картичка. Новата Cineplexx Бонус Картичка ќе биде надополнета со кредитот и бонус поените кои сте ги имале при губење на старата Cineplexx Бонус Картичка, одземајќи 120 денари за услуги. Новата картичка ќе биде валидна онолку време колку што била валидна и старата.


>> Правила на користење на Cineplexx Бонус картичката