ПОДГОТВЕНИ ЗА СВАДБАТА НА ГОДИНАТА?

07.02.2018

Последното поглавје од „Педесет нијанси ослободени“ од четврток во Cineplexx



Џејми Дорнан и Дакота Џонсон се враќаат како Кристијан Греј и Анастасија Стил во „Педесет нијанси ослободени “, базиран на светскиот феномен - бестселерот „Педесет нијанси“. На последното поглавје, му претходат блокбастерите од 2015 и 2017 година, филмови кои надминаа заработка од 950 милиони долари на светските благајни. Филмот ни пристигнува во очи Денот на вљубените.
Авторката на книгата и продуцент Е. Л. Џејмс беше и се уште е изненадена од длабочината на емоции кои произлегуваат од фановите на Анастасија и Кристијан. Таа објаснува: „Првите две книги беа напишани како една приказна, и застанав кај предлогот за брак и помислив: ова е одлично, ги поставив на добро место. Но, самите фанови ме охрабруваа и бараа да напишам повеќе. Се сеќавам додека бев на одмор ја слушав верзијата на Макл Бубле „Никогаш нема да најдеш некој како мене“, повторно и повторно. Се помислив: Застани и помисли една секунда. Ако планираш да пишуваш повеќе, што би пишувала?“.



„Знаев дека единствено нешто што можам да направам е Ана да биде бремена и да ја види реакцијата на Кристијан, која патем не е добра.“ Таа продолжува, „Знаев дека тоа е насоката на приказната. Затоа почнав да ја пишувам третата книга – да го видам него тотално преплашен, бесен во моментот кога таа му објавува дека е бремена. Тој е шокиран бидејќи е преплашен од самата помисла.“
По трети пат се појавува во улогата на Анастасија Греј, Дакота Џонсон за филмот изјавува: „Ова е епска љубовна приказна, но даваме се од себе да ја задржиме едноставна. Тоа е една од оние необјаснети релации помеѓу двајца луѓе која е комплетно неспорна. Преку овие приказни, главните протагонисти се соочени со ситуација која бара од едниот од нив да се покори на нивните желби и да ја адаптира својата верзија за љубов“.
Од друга страна Џејми е поеднакво фасциниран од пресвртот и личните предизвици кој со кои се соочува неговиот лик. Тој вели: „Реакцијата на Кристијан откако Ана му кажува дека е бремена никако не е позитивна. Тоа е буквално реакција која најмалку очекуваш да ја добиеш кога партнерот ќе ти го изјави тоа. Тој се чувствува дека не е во позиција да биде добар татко. Бебето е последното нешто што му треба во моментот. Емотивно чувствува дека кога веќе имал така ужасно детство, зошто би бил тој подобар? Тоа го преплашува.“
Премиерата на филмот е закажана за четврток, 08.02. Филмот дента ќе се прикажува во вкупно 21 термин. Интересот е огромен и за сега се продадени над 1.800 билети за премиерните проекции.

Оваа недела ни пристигнува историската акциона-драма со Крис Хемсворт во главната улога. „12 Храбри “ ја раскажува приказната за првиот тим на специјалните сили распоредени во Авганистан по 11 септември, каде под водство на нов капетан, тимот мора да работи со авганистански воен лидер за да ги собори талибанците.

Повеќе информации за филмовите можете да најдете на нашата интернет страна и на нашата фејсбук страна

Семеен пакет

Кон настанот

Нова CINEPLEXX апликација

Преземи ја новата апликација сега!

Кон настанот